70 контејнери за селективен отпад доби Куманово

Куманово доби 70 контејнери и корпи наменети за селективно одлагање на смет. На денешната седница беше усвоена предлог одлуката  за отстапување на користење, управување и одржување на садови за собирање на отпад од пакување на јавното претпријатие „ Чистота и зеленило “. Но, освен што советниците се интересираа каде ќе бидат поставени  донираните контејнери, тие дискутираа и за хигиената во градот, односно за нередовното изнесување на смет од екипите на чистота и зеленило поради што јавно го повикаа менаџерскиот тим посовесно и поодговорно да се однесува, а како резултат на тоа  Куманово конечно да заличи на урбана средина. Советниците се согласија дека комуналното претпријатие располага со дотраен возен парк  и опрема, но тоа не треба да биде оправдување за  неодржување на хигиената во градот, туку доколку е потребно претпријатието да побара дополнителна  финансиска помош од локалната самоуправа за извршување  на основната дејност.

Предлагачот на предлог одлуката за отстапување на користење на садовите за собирање на отпад на комуналното претпријатие Методија Бојковски, појасни дека и наредните три години Куманово ќе добива по 35 специјализирани садови за селекција на отпад , така што вкупната бројка ќе изнесува  175 контејнери, донација од приватното  претпријатие, Пакомак.

Најголем дел од донираните садови за отпад ќе бидат поставени пред училиштата и кај поголемите маркети во градот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)