71 година од постоењето на „ Перо Наков“

По повод 71 година од постоењето на општинското средно училиште „Перо Наков“  денеска беа доделени благодарници на учениците кои што со својот труд, талент и знаење изминатава година  придонеле за афирмација на училиштото. Благодарниците им беа врачени на приредба организирана за учениците и наставниот кадар на која што присутните имаа можност да проследат литературни читања, музички точки, модна ревија. Гости на денешната манифестација беа претставници на збратименото економско училиште од Ниш, рече Лидија Тасевска, директор на СОУ „Перо Наков“

Централната прослава во чест на патрониот празник ќе биде утре напладне кога ќе биде положено  цвеќе пред бистата на Перо Наков и промовирана   Монографија за училиштето.

Ова училиште  било формирано во 1945 година под името Општо  занаетчиско училиште  „Перо  Наков“. Од 1983 година  училиштето работи во просториите во кои што е и денес , во непосредна близина на спортската сала.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)