72 години од загинувањето на народниот херој Карпош

Христијан Тодоровски Карпош е еден од осумте народни херои од кумановско кои ги дадоа своите животи во текот на Народноослободителната борба, беше речено по повод  одбележувањето на седумдесет и втората годишнина од неговото загинување. Бројни делегации предводени од општинската организација на Сојузот на борците, општина Куманово, АРМ и останати вчера на денот на загинувањето на Карпош положија цвеќе пред  неговата биста во спомен куќата. Со едноминутно молчење присутните му оддадоа почит на кумановскиот херој, но и на бранителите кои загинаа во 2001-та година, како и на револуционерите кои ги дадоа своите животи во различни периоди од македонската историја.

-НОБ изроди многу херои и Мирче Ацев и Кузман Јосифовски Питу, Христијан Тодоровски Карпош козјачката легенда, кумановскиот командант, и народниот херој југословенски од Македонија. изјави Благе Јакимовски, секретар на општинска организација на Сојузот на борците

Христијан Карпош е значаен лик од нашата историја затоа што се борел за слобода на Македонија. На 12 –ти октомври го означува почетокот на востанието во Македонија кој настојува во својата цел се до неговото загинување на 07 февруари 1944 година во селото Биљача, истакнаа од кумановскиот Музеј.

Инаку, спомен куќата на народниот херој наскоро ќе биде комплетно реконструирана со поддршка на министерството за култура. Проектот е влезен во програмата за 2016-та година.

Песна со патриотска содржина презентираше Зора Ивановска од општинската боречка организација.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)