748 слободни места за запишување во СОУ „Перо Наков“

Средното општинско училиште „Перо Наков“ согласно Конкурсот, објавен од МОН, во прва година може да запише 748 ученици во 22 паралелки, по 11 паралелки со настава на македонски и на албански јазик.  Полуматурантите кои своето образование сакаат да го продолжат во ова училиште имаат можност да изберат еден од повеќето профили во рамките на неколкуте струки – Економија, право и трговија, Текстил, кожа и слични производи,  Ликовна уметност и дизајн или Спортска академија за кошарка, информира директорката на  „Перо Наков“, Мила Жибак – Димковска.

-Во економско-правна и трговска струка – вкупно  442 ученици во 13 паралелки,  економски техничар, бизнис администратор, правен техничар, продавач – референт за продажни услуги / асистент деловен администратор. Во текстилно – кожарска струка – 272 ученици, во 8 паралелки – техничар за изработка на облека, техничар за изработка на облека, техничар за моделирање на облека/ техничар за дизајн на облека, техничар за моделирање на облека/ техничар за дизајн на облека, техничар за обувки , техничар за обувки, техничар за моделирање на обувки, техничар за моделирање на обувки, потоа уметничко образование – ликовна уметност и дизајн и дисперзирана паралелка на Спортска академија за кошарка, изјави Мила Жибак – Димковска, директор на СОУ „Перо Наков“

Според конкурсот, уписните рокови се прецизирани, вели директорката Жибак- Димковска, но се уште чекаат натамошни насоки од надлежните дали ќе останат тие рокови поради состојбата во која се наоѓа државата.

-Доколку има измени секако дека на нашата фб страна на училиштето и на веб страната на училиштето, како и на огласната табла во самото училиште ќе бидат сите промени навремено истакнати, изјави Жибак-Димковска

Што се однесува до реализацијата на часовите во вонредна состојба, директорката потенцира дека он-лајн наставата во училиштето успешно се изведува.

-Кај нас целосно се воведе онлајн настава што значи дека користиме платформи за одржување на он-лајн настав. Наставата се одвива преку зум платформата, се користи и клас рум, како и други платформи кои што им се полесни и подостапни на учениците. Се оди по класичен распоред, се одржуваат часови, учениците успешно се вклучуваат, имаме интеракции и фит бек од учениците така што целосно сме задоволни, изјави Жибак-Димковска

Владата на петти мај по одржана седница соопшти дека учебната година ќе заврши на 10 јуни со воспоставеното далечинско учење, а државна матура нема да се полага оваа година.

Коментари

коментар(и)