75-годишнина од борбата во Пелинце

Сојузот на борци од Куманово в петок неделава ќе ја одбележи 75-годишнината од борбата во Пелинце во која животот го загубиле двајца борци од Кумановскиот одред, Ангел Лазаревски – Шајче и Трифун Ангеловски – Летеќи. Секретарот на општинскиот одбор на Сојузот на борци од НОБ во Куманово, Цоки Ристовски денеска ги повика заинтересираните граѓани да се пријават. Превозот е бесплатен, обезбеден од боречката организација.  

-Во таа чест ги повикувам сите граѓани на општина Куманово кои сакаат да присуствуваат на оваа манифестација да дојдат утре или задутре да се пријават во просториите на сојузот на борците. Инаку, превозот е обезбеден од Сојузот на борците, во 10 часот автобусот ќе тргне од пред зградата на поранешен Комитет, а манифестацијата ќе биде во село Пелинце во 11 часот.

Присутните ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во Пелинце покрај магистралниот пат,  а претставник на Сојузот на борци од Куманово ќе одржи пригоден говор за ликот и делото на двајцата загинати борци во оваа војна.

-Сакам да напоменам дека ова е традиционално одбележување на нашите историски настани и личности од НОВ во Македонија на која покрај Сојузот на борците ќе присуствуваат и претставници на општините Старо Нагоричане и Куманово и други државни институции, како што е детската градинка Ангел Шајче која што го носи името на еден од загинатите борци во ова борба. Уште еднаш да испратам апел до граѓаните кои што сакаат да присуствуваат на оваа манифестација да се пријават за да може Сојузот на борците да обезбеди соодветен превоз онолку колку што ќе има потреба од заинтересираните граѓани, изјави Цоки Ристовски, секретар на Сојуз на борци, Куманово

Битката на Пелинце била на 13-ти  јануари 1944 –та година кога партизаните му го задале последниот одлучувачки удар за победа на бугарскиот окупатор во Козјачието. Во оваа битка животите ги положиле командирот на младинскиот вод Шајче и Летеќи. Борбата кај селото Пелинце, покрај другото, придонела многу за омасовување на Кумановскиот баталјон, во чиј состав стапувале претежно младинци како од Куманово, така и од селата.

Бидејќи до 20 –ти февруари 1944 година Кумановскиот баталјон имал повеќе од 200  борци, се донело решение да се формира и Втор баталјон. 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)