СВР Куманово преку низа активности ќе го одбележи денот на полицијата

По повод 7-ми мај, ден на македонската полиција, СВР Куманово организираше шаховски  турнир во просториите на Црвен крст. На турнирот учествуваа по тројца претставници од девет институции од градот меѓу кои АРМ, Центар за управување со кризи, ОО на Црвен крст, Здружение на пензионери, ученици од гимназиите „Гоце Делчев“ и „Сами Фрашери“ и други.

– Денеска се одржува турнир во шах на којшто учествуваат претставници од девет институции, коишто се дел од соработниците со коишто во текот на изминатата година соработувавме во интерес на безбедноста на целата заедница, изјави Виолета Богдановска началник на Oддел за превенција.

Како што истакна Богдановска, шаховскиот турнир е само една активност во низата преку кои СВР Куманово ќе го одбележи денот на македонската полиција.

-Имаме традиционални средби со оние со коишто најмногу соработуваме, а тоа се средните и основните училишта, посебно средби со родители, посета на ученици на СВР Куманово, наши полициски службеници ќе посетат детски градинки, училишта и ќе одат во патроли, кадешто граѓаните и учениците практично да видат како работи полицијата, додава Богдановска.

Целта на овие активности е да најмладите граѓани се запознаат со работата на полициските службеници на терен. За утре е најавена посета на просториите на СВР Куманово од страна на ученици од основните училишта во градот, по што заедно со полицијата ќе заминат на патрола во населбата Средорек.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)