8 Септември ќе се одбележи на спомен –Костурница

Денот на независноста на Македонија 8 септември, Општина Куманово ќе го одбележи на спомен костурницата. Секторот за култура и спорт по повод државниот празник ќе превземе повеќе активности.

На спомен костурницата со почеток во 11 часот сите основни, средни училишта, јавни претпријатија, јавни установи,  невладиниот сектор, државните институции кои се поканети да го празнуваат празникот,   ќе положат свежо цвеќе пред паднатите борци од НОВ, нормално и на борците кои што го дадоа животот за денешна слободна Македонија. Неколку години во изминатиот период  за 8 септември одбележувањето беше пред споменикот Македонка на малиот плоштад во Куманово, оваа година одлучивме да биде на спомен-  Костурница, изјави Цоки Ристовски, раководител на Одделение за култура и спорт

За значењето на празникот пред пристните ќе говори претседатело на советот на општина куманово Mаксим Димитриевски, а ќе има и културно уметничка програма.

Коментари

коментар(и)