80 проценти од засадените дрвца се прифаќаат

Околу 3.000.000 садници годишно се произведуваат во расадникот на кумановската подружница на јавното претпријатие „ Македонски шуми “. Садниците се користат за пошумување на површини во трите општини, но доколку граѓаните сакаат да купат тоа можат да го сторат во расадникот  познат меѓу граѓаните како  „Режановски врби“.

-Ние се подготвуваме за расадник бидејќи планираме во есен околу 200 хектари површина пошумување во Куманово, Липково и Старо Нагоричане, значи секоја година по 200 до 300 хектари пошумување мора да планираме, со сите видови дрва и среќа што лани се што е пошумено 80 проценти е прифатено бидејќи годината беше таква и оваа година мислам дека ќе биде добро. Кога доаѓа есен зима може да се даде од сите видови расад на сите граѓани за пошумување приватни парцели и некои меѓи, ливади и слично, нема да има никаков проблем, изјави Ваит Саити, директор на ЈП „Македонски шуми“ подружница Куманово

Расадникот во Куманово  опстојува  од  70-тите години, формиран од првиот директор на шумско стопанство  “Куманово”, Бранко Станковски. Расадничката површина е осовременета и во денешни услови функционира како профитабилнен капацитет. Во 2002 –та година  на површина од 1 ха, со помош на Владата на Р Македонија и донација од Телеком се изградени  7 објекти од по 1.000 м2, од кои 2 пластеника и 5 мрежника во кои се произведуваат садници од сите видови.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)