83-годишен кумановец тешко повреден по пад од „томос“

83-годишен кумановец од Табановце тешко е повреден по пад од мопед. Како што соопшти МВР, вчера околу 10.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с.Табановце, Љ.С.(83) од Куманово, управувајќи мопед „томос”, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата старецот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, информира министерството за внатрешни работи.

 

Коментари

коментар(и)