85 казни за неносење маска вчера во Куманово

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (04.04/05.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 109 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број прекршочни налози, најмногу се во Куманово 85, во Крива Паланка 10 и во Кратово 14.

За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период не се регистрирани непочитувања на забраната за движење.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)