„90 години Соколана“ од авторот Марјан Стошевски

„90 години Соколана“ е насловена новата книга на авторот Марјан Стошевски што ќе биде промовирана в понеделник во 19 часот пред спортскиот објект. Во книгата која содржи  172 страници и повеќе од 320 фотографии се опишани сите значајни спортски моменти од почетокот на изградбата на Соколана во 1923 година се до 1930-тата. Годинава со новото авторско дело на Стошевски, Соколана одбележува  девет децении постоење во градот.

-Се опишуваат сите настани во Соколана, гимнастика која е колевка на сите спортови во Куманово, незаборавните зимски кошаркарски  турнири, а на тие турнири имаат доаѓано многу големи  имиња на кошарката од Куманово, државата и поранешна Југославија. Во книгата се опишани и забавните активности преку познатите кумановски групи Глечери и др. како и моментите од поновото време, од осамостојувањето до денешен ден, со тоа што тука има доста малку активности, освен оние турнири во мал фудбал кои се одржуваат тука на ова ракометно игралиште, изјави Марјан Стошевски, автор

Стошевски верува дека верува дека книгата ќе претставува огромен поттик за сите релевантни структури во градот и државата,  Соколана конечно да го врати стариот сјај бидејќи навистина го заслужува тоа.

Промоцијата ќе се одржи на отворено со почитување на здравствените протоколи, а ќе биде обезбеден простор за 120 гости.

-На промоцијата ќе се обрати рецезентот на монографијата познатиот кошаркар од Куманово Душко Ивановски – Боби, според програмата треба да зборува и нашиот познат гимнастичар Новица Трендафиловски, од женскиот ракомет -Благица Спасовска, градоначалникот Максим Димитриевски. Програмата ќе ја отвориме со неколку музички нумери, изјави Марјан Стошевски, автор

„90 години Соколана“ е издадена во 200 примероци, побарувачката е голема, а по еден примерок ќе биде доставен и во сите основни и средни училишта во градот, вели авторот.

Промоцијата на книгата ќе биде под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)