„Мојата ти“ вечерва и утревечер во Театар Куманово

„Мојата ти“ е насловот на претставата која вечерва и утревечер, со почеток во 20 часот, ќе се изведе во Театар Куманово. Претставата е работена според текстот на Олга Димитријевиќ, а во режија на Драгана Милошевска Попова.

Делото зборува за четири жени, кои се спротивставуваат на секојдневнието, кое за нив е несфатливо и сурово. Тие се нападнати од урбана мафија, потплатени градежници, кои сакаат да го узурпираат нивниот простор.

-Освен градењето на целата структура и претстава имавме интересен процес каде можевме да се занимаваме со различни прашања, каков е нашиот став како автори на некои луѓе кои се повозрасни од нас и кои имале прилика да се соочат и да живеат во едно друго време и со други различни норми, вредности коишто денеска некогаш се губат, се враќаат и да се занимаваме со теми кои ги забораваме или се правиме дека сме ги заборавиле. Оваа претстава секако ќе биде интересна за публиката бидејќи ќе види едно ново читање и текст, кој мислам дека на сите генерации ќе им е интересен. Покрај сите теми што ги опфаќа,  опфаќа и тема на повозрасни лууѓе кои често го ставаме во втор план а младоста секогаш победува. Но овде се во судир, се борат да видиме вечер и во наредните изведби како публиката ќе реагира на нашата приказна-истакна режисерката Драгана Милошевска Попова.

Во „Мојата ти“ играат актерите Кети Дончевска Илиќ, Александра Пешевска, Сања Русеска, Владанка Димковска и Марко Трајковиќ. Тие посочија дека било интерсно да се работи на ова драмско дело.

-Тој дел од процесот беше особено возбудлив за нас затоа што ние сите имаме свои ликови, со име, истории, биографии но присуството на авторот низ наративните делови беше дополнително значајно овде. Тоа за нас беше особен предизвик, малку поинаква драматургија од она кое сме навикнале, изместено од она што велиме класичен драмски текст. Се надевам дека би била задоволна кога авторката би била во можност некогаш да дојде и ја погледне претставта за да видиме дали некако сме се приближиле до нејзините размислувања и нашите и дали сме се нашле, некаде по пат-истакна актерката Кети Дончевска Илиќ.

– Многу сум задоволна што се наоѓам во кумановскиот театар и многу сум среќна што сум дел од оваа претстава. Процесот беше супер, колегите беа супер, можам да кажам само пофални зборови. За мојот лик можам да кажам дека ми одговара, бидејќи станува збор за жена која има поминато доста многу, не би влегувала во детали би сакала да дојдете и да ја видите претставата бидејќи се што ќе кажам ќе биде малку во споредба со она како е напишан ликот и како е изграден-дополни актерката  Владанка Димковска.

Инаку сценографијата за претставата Мојата ти е на Крсте Џидров, костимографијата на Роза Трајчевска а  музиката на Ивица Димитријевиќ.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)