93 милиони денари за АД „Водостопанство “ Скопје од Владата

„93 милиони денари се одобрени со одлука на Владата пред две недели за АД „Водостопанство“ Скопје наменети за заостанатите обврски кои што ги има, пред се тука доаѓа и механизацијата која што уште во 2015-та година е набавена и уште не е платена“ , изјави при денешната посета на кумановската подружница министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

-Иако имавме една лоша и сушна година може да се кажа така на цела територија на државата,  успешното менаџирање овде дава резултати. Она што се планира и е следно со АД Водостопанство, знаеме дека сега во моментот функционира на една централизирана состојба, е делот на овозможување и слобода на самите подржници да бидат во можност да менаџираат со средствата што ги собираат, со самото тоа одржувањето ќе биде многу полесн. Затоа од тие причини ние веќе доставивме пред три-четири месеци како министерство листи до сите подружници со што од нив веќе се добиени повратни информации околу тоа се што им е неопходно за следната 2020-та година околу резервни делови, градежни материјали и слично каде што би можеле ние преку јавни набавки ги набавиме и дистрибуираме до самите подружници се со цел поефикасно менаџирање, искористување на водата, а секако и подобра услуга кон земјоделците, изјави Трајан Димковски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Директорот на АД Водостопанство „Кумановско –липковско поле“ , Оливер Илиевски, потенцираше дека за неполни две години, ова е втора посета на министер за земјоделство во подружницата во Куманово.

 -Ние сме благодарни за тоа што од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имаме во континуитет поддршка за работите кои ги работиме во кумановско-липковско поле. Инаку, само да кажам дека бевме сведоци за една од најсушните сезони оваа година и успеавме целокупниот дотур на вода до јавното претпријатие „Водовод“  Куманово да го спроведеме без пречки, исто така имаше и целокупно наводнување на сите површини, така што немаме ниту еден приговор стигнато до Водостопанство за неисполнети услови од наша страна, изјави Оливер Илиевски, директор на АД Водостопанство„Кумановско -липковско поле“

Директорот Илиевски информираше дека преку Програмата за рурален развој во тек е подготовка на техничка документација за изградба на Слупчанска брана, која ќе покрие нови 1.500 хектари за наводнување , а со тоа ќе се овозможи и дотур на постоечките капацитети на вода во браната Липково и браната Глажња. 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)