93 пациенти се лекуваат од Ковид во Куманово

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1368 и има околу 570 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Во Куманово се лекуваат 93 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)