93 санкции за брзо возење

На подрачјето на СВР Куманово вчера во период од 14 до 20 часот е спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 93 возачи.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од полицијата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)