96 ковид-пациенти во болниците во државата, во Куманово -15

Во ковид центрите во болниците низ земјава во изминативе 24 часа  пријавено е дека се лекуваат вкупно 66 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Куманово  се лекуваат  15 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.

На скопска Инфективна клиника и во ГОБ „ 08 септември“ вкупно се лекуваат 30 пациенти. Од надлежното министерство појаснуваат дека треба да се земе предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во болниците низ земјава има околу 460 празни болнички кревети во ковид центрите.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, информира министерството за здравство.

Коментари

коментар(и)