Aктерите ја очекуваат обновата на театорот

Кумановскиот театар го зазема централното место на драмските случувања во градот. Од 1961 година, до денес, тој се наоѓа на истото место, во центарот на Куманово, а историјата покажува дека без разлика на кое место и да се наоѓал како објект, Театарот  секогаш располагал со квалитетен актерски ансамбл и звучни режисерски имиња.

Така е и денеска. Но, и покрај тоа што последниве години не беше инвестирано во театарот  вработените  ги извршуваа своите работни обврски најдобро што можат и умеат за да со крајниот производ- претставите  намамат илјадници љубители на театарот во големата сала на оваа установа. Сега со комплетната реконструкција на театарот која што ја најави министерката за култура елизабета канческа милевска при последната посета на Куманово , значајно ќе бидат подобрени услови за работа на вработените во националната установа.

– Многу бевме пријатно изненадени сметавме дека ова можеби требаше да се случи и порано меѓутоа никогаш не е доцна.  Многу ни значи овој потег од министерството за култура поради тоа што не е доволно само да обезбедат буџет за претстави туку  е битно да ни помогнат овој театар да изгледа како што му доликува. Треба да се започне со административниот дел уште овој месец, тука треба да се вклучат архитекти кои што треба да направат проценка , изјави Симона Тоскиќ, продуцент во Театар Куманово

Освен во реконструкцијата, министерството како и досега ќе продолжи да инвестира  во културата преку зголемена театарска продукција,  преку вработувања на потребен кадар со цел да се создаваат што поголем број добри претстави“,  потенцираше при посетата на театарот министерката Канческа Милевска.

Инаку, првичната проценка на министерството за култура е дека целосната обнова на театарот треба да заврши кон крајот на 2019-тата година. Реконструкцијата на установата ќе започне во пресрет на 70 годишниот јубилеј , односно седум децении постоење на кумановскиот театар кои што ќе се одбележат наредната година.

За успешноста на овој театар говори бројот на претставите кои што кумановските актери и останата екипа ги извеле минатата година. Вкупно 90 претстави  се изведени на театарската сцена  во 2016-тата , а бројката на публикаа достигнала до 17.450 посетители. Поради сите овие факти е и општото мислење на граѓаните на Куманово дека  во театарот требаше и досега да се инвестира.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)