Aпарат вреден 60.000 евра за кумановската болница (ВИДЕО)

Амбасадата на Јапонија денеска потпиша договор со Општа болница Куманово со кој се обезбедени 60.000 евра за набавка на дигитален ултразвучен апарат за Интерното одделение.

Донацијата е во рамки на проектот за мали проекти и грантови за основни човекови проекти.

Заклучно минатата година, како што посочи јапонскиот амбасадор Савада, со програмата во Македонија се донирани околу 7 милиони евра. Toj изрази надеж дека донацијата ќе помогне во справувањето со пандемијата.

Директорката на Општа болница Куманово вели дека ова не е прва донација на Амбасадата на Јапонија во установата и се заблагодари за помошта од јапонскиот народ.

Со апаратот, како што посочи директорката, пациентите ќе имаат можност за комплетна дијагностика на Интерното одделение, без потреба да одат во амбуланта која се наоѓа во друг објект.

Коментари

коментар(и)