Фудбалер на Куманово Еуроспорт потпиша за Динамо Загреб!

Фудбалер на Куманово Еуроспорт потпиша за Динамо Загреб!

18-годишниот фудбалер на Куманово Еуроспорт Филип Антовски, е нов член на Динамо Загреб.

Филип Антовски ги помина сите младински категории на Куманово Еуроспорт, беше дел од младинци и првата екипа на „Вардар“ каде одигра неколку натпревари за најтрофејниот клуб, како и стандарден репрезентативец на Македонија до 19 години.

Настапува на позицијата лев бек, но може да игра и како крилен фудбалер по левата позиција.

За потсетување, досега од фудбалската школа од нашиот клуб имаат излезено…

Read More

КК Куманово убедливо против АВ Охрид

КК Куманово убедливо против АВ Охрид

Кошаркарите на Куманово вечерва на гостински терен го совладаа составот на АВ Охрид во рамките на 3. коло од домашниот шампионат со резултат 67:94.
Извонредната прва четвртина на Куманово му донесе огромна предност пред домаќинот кој имаше мака да направи пресврт во резултатот. Со 32:8 завршија првите десет минути од средбата во „Билјанини извори“.
Во втората четвртина избраниците на тренерот Александар Петровиќ се опуштија и дозволија Охрид да уфрли повеќе кошеви, но сепак не доволно да излезат…

Read More

Ракометарките на Куманово со победа над Металург

Ракометарките на Куманово со победа над Металург

Дека дерби натпреварите им одат од рака на ракометарките на Куманово сезонава, доказ е и мечот од вчера, кога го совладаа и составот на Металург со резултат 18:30.
Иако Металург влезе како фаворит во средбата која се одигра во Автокоманда, избраничките на тренерот Зоран Јосимовски им го зададоа првиот пораз сезонава, по .. одиграни кола.
Кумановки и во првото полувреме прикажаа желба за победа во овој натпревар, и имаа водство пред најголемиот ривал за титулата во оваа…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ: Дали е загрозена приватноста на базенот?

ВМРО-ДПМНЕ: Дали е загрозена приватноста на базенот?

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска обвини за наводен скандалозен настан во недела во соблекувалните на градскиот базен при што била загрозена приватноста на корисниците од страна на лице ангажирано на базенот, меѓутоа без да прецизираат за што конкретно станува збор.
Како што рече портпаролот на партијата Милош Давидовиќ, до нив пристигнале реакции од родителите и упатуваат прашања до градоначалникот Максим Димитриевски и директорот на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ дали е загарантирана безбедноста и приватноста…

Read More

Куманово преку Гостивар до втора победа сезонава

Куманово преку Гостивар до втора победа сезонава

Кошаркарите на Куманово впишаа втора победа сезонава откако на домашен терен вечерва го совладаа составот на Гостивар со убедливи 75:63.
Само првата четвртина од средбата Гостивар им парираше на кумновци, иако на крајот сепак домќините имаа благо водство од еден поен со резултат 17:16.
Втората четвртина беше во знакот на Куманово, кога кошаркарите прикажаа одлична игра и  цврста одбрана и брзи напади направија предност од осум поени. На полувреме се замина со резултат 35:27, на голема радост…

Read More

ЖРК Куманово убедливо против Овче Поле

ЖРК Куманово убедливо против Овче Поле

Ракометарките на Куманово на домашен терен остварија убедлива победа против составот на ЖРК Овче Поле во рамките на 7. коло женската ракометна лига со резултат 46:17.
Избраничките на тренерот Зоран Јосимовски по поразот од Стружанка бргу закрепнаа и веќе во првото полувреме од новото коло ја торпедираа мрежата на противникот од Свети Николе. Со 27:5 заврши првиот дел од средбата против Овче Поле, со што натпреварот за кумановки веќе беше решен.
Сепак во вториот дел ракометарките на…

Read More

„Трофеј 11 Октомври“

„Трофеј 11 Октомври“

Стотина учесници од велосипедските клубови од Македонија и Бугарија денеска беа дел од традиционалната велосипедска трка „Трофеј 11ти Октомври“ која се одржа во Куманово по повод Денот на востанието.
Манифестацијата денеска ја збогатија и околу 80 дечиња од градинката „Ангел Шајче“ како и основци од училиштата во градот.
Организатори на трката се велосипедскиот клуб „Вело М Термалифт“, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
Трката започна пред спортската сала, а се возеше по булеварите „Октомвриска…

Read More

Срамен пораз за ЖРК Куманово

Срамен пораз за ЖРК Куманово

Ракометарките на Куманово претрпеа изненаден пораз од составот на Стружанка во рамките на 6. коло од домашниот шампионат со резултат 21:20.
Првото полувреме избраничките на тренерот Зоран Јосимовски играа гол за гол со составот од Струга и го завршија со еден поен водство, односно резултат 7:8.
Иако фаворитот Куманово се надеваше дека ќе успее да направи превсврт во вториот дел од средбата, сепак и таму никој не правеше поголемо водство во резултатот. Со гол во последната минута…

Read More

Со низа настани Куманово и Прилеп заеднички ќе го одбележат „11 Октомври“

Со низа настани Куманово и Прилеп заеднички ќе го одбележат „11 Октомври“

Куманово и Прилеп годинава заедно ќе ја одбележат 77-годишнината од почетокот на антифашистичката борба.
Вечерва во Прилеп започнува чествувањето со традиционалната прослава со импровизиран напад на градот и огномет, а утре во Куманово ќе се одржат бројни спортски и културни манифестации.
Ваквото заедничко одбележување на 11 Октомври, се случува за прв пат во историјата. Делегација на Општина Куманово вечерва ќе биде кај својот пријателски град, а тие пак утре ќе бидат гости на градоначалникот Димитриевски.
– Сакам да…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ: Референдумот е неуспешен

ВМРО-ДПМНЕ: Референдумот е неуспешен

Референдумот е неуспешен, цензусот не е постигнат, пред 9 дена, граѓаните на Куманово и народот во Македонија, не дадоа поддршка за промена на уставното име на Република Македонија, рече денеска на прес конференција, Милан Давидовиќ, портпарол на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.
Како што потенцираше Давидовиќ, залудни им беа срамните закани, континуираните уцени и притисоци, секојдневните малтретирањата кон нашите сограѓани.
– Референдумот е неуспешен. Цензусот не е постигнат. СДСМ и градоначалникот на Куманово, иако помпезно ветуваа излезност…

Read More
1 2 3 27