Крвавата среда на САД

Крвавата среда на САД

проф. д-р Светомир Шкариќ

Доналд Трамп не го признава исходот од претседателските избори, и покрај поразот со разлика од седум милиони народни и 74 електорски гласови. Поразот не го признава ни по загубените судски спорови, ни по сертификацијата на електорските гласови. Убеден е дека победата му е украдена. Затоа на 6 јануари го поттикна упадот во Конгресот на САД, сличен на оној во Собранието на РМ од 27 април, 2017.
Излезноста на претседателските избори во САД беше…

Read More

Против „солидарноста“!

Против „солидарноста“!

Филип Клетников

Смртта е претворена во статистика, извештај, уште една валута со која тргуваат носителите на јавно-политичката, но и на економската моќ (банкарскиот и приватниот фармацевтски сектор): за првите смртта е лоша за имиџот, за вторите шанса за (астрономска) заработка.
„Да се живее не е ништо ново, но и да се умре исто така“ – ова се последните зборови на славниот руски поет Сергеј Есенин. Меѓутоа, ако ја набљудуваме карантинско-маскенбалската криза која се појави во јавноста ширум светот…

Read More

Слободата на говор не смее да се замолчи

Слободата на говор не смее да се замолчи

д-р Ненад Живановски

Една сосема тривијална ситуација со коментари на мојот фејсбук профил ми го сврте внимането (и отвори очите) колку реално се загрозени нашите права на слободен јавен говор и на какво искушение е ставено ова право кое е гарантирано со десетици меѓународни и домашни конвенции, закони и резолуции и за кое политичарите така здушно и со полна уста збoруваат дека го почитуват додека се на власт.
За што станува збор? На мој пост, кој се…

Read More

Кон 2021 и потоа – големо глобално преструктуирање

Кон 2021 и потоа – големо глобално преструктуирање

Никола Поповски

На економиите им се потребни големи структурни реформи кон секторите од кои пандемиската криза има нужна потреба и тоа веднаш. Можеби пријателското бизнис опкружување со либерализиран пазар е патот по кој попрво треба да се започнe да се оди.
Каков навистина ќе биде светот на краток и долг рок? Што нè чека во 2021 и потоа? Одговорите на овие прашања не се лесни и зависат од многу фактори од кои веројатно далеку најважниот е нивото…

Read More

Долгиот и трновит пат до квалитетно образование

Долгиот и трновит пат до квалитетно образование

Бранимир Јовановиќ

Дали воопшто сакаме квалитетно образование? Ако да, мора да прифатиме дека се потребни коренити промени во ова што го имаме сега. Предложената концепција за основното образование е добар чекор, но ќе биде потребно повеќе.
Пред неколку недели, во рамки на научните „С(ц)иести“ кои ги организира Никола Стиков, имавме дискусија со 20-ина македонски научни работници од разни светски универзитети и институти, за тоа какви промени му се потребни на македонското образование. Мојот став беше дека треба…

Read More

Има ли крај на македонската приказна за патот кон ЕУ?

Има ли крај на македонската приказна за патот кон ЕУ?

Силвана Мојсовска                    

Повторното одлагање на започнувањето на преговорите со ЕУ претставува реален проблем, меѓутоа жалењето би било попусто губење на скапоцено време.
Одлагањето на почетокот на преговорите со ЕУ заради бугарското вето носи разочарување, меѓутоа не смее да резултира во инертност. Северна Македонија има потпишано Спогодба за стабилизација и асоцијација (ССА) со ЕУ – полноправен документ со кој тековно се регулирани односите помеѓу двете страни. Спогодбата останува на…

Read More

Лекции од земјата што ја тестираше цела нација

Лекции од земјата што ја тестираше цела нација

Михаела Ружичкова

Погрешно е да се смета дека масовното тестирање беше неуспешно, но мора да се напомене дека резултираше со само привремено намалување на ширењето на вирусот. Од друга страна, ширењето дезинформации имаше поголеми последици.
На крајот на месец октомври бевме сведоци на досега несекојдневен настан во Словачка: масовно тестирање на ниво на целата држава во кое доброволно можеше да учествува секој граѓанин постар од 10 години. Целта на ваквото тестирање беше да се откријат евентуални скриени „епидемии“…

Read More

Смртта што предизвика протести на генерацијата која изгуби надеж

Смртта што предизвика протести на генерацијата која изгуби надеж

Нертила Махо

Иронично, мерките против пандемијата што имаат за цел да спасат животи, за првпат предизвикаа трагична смрт на еден млад човек.
На 8 декември, од два истрели згасна животот на 25-годишниот Клодијан Раша. Оружјето било испукано од полицаец, а околностите сè уште не се разјаснети. Во известувањето за конфронтацијата, Државната полиција информираше дека полициска патрола му наредила на младиот човек да сопре, но Раша не ја послушал наредбата. Настанала пресметка во која полицаецот го застрелал, тврдејќи дека животот…

Read More

„Новото нормално“ е одамна секојдневие за илјадници наши сограѓани

„Новото нормално“ е одамна секојдневие за илјадници наши сограѓани

Андреј Павловски

Во ова лудо (не)време на пандемија и изолација, имаме шанса да сториме нешто за оние кои цел живот се во секаква изолација.
Флоскулата дека коронавирусот ни го промени животот од корен се покажува како безмилосно точна. Требаше да ни се случи оваа голема несреќа па да почнеме да ги гледаме работите и од друг агол, со сочуство, со повеќе емпатија и меѓусебно разбирање. Преку ноќ моравме да се навикнуваме на нови односи и навики.
Мерките за…

Read More

Дали во моментов постои доверба во политиката на проширување на ЕУ?

Дали во моментов постои доверба во политиката на проширување на ЕУ?

Јована Маровиќ

Земјите од Западен Балкан не се запознаени со конкретните елементи и рамки што треба да го обликуваат новиот пристап за проширување на ЕУ во пракса, додека сегашниот примат на политичкото во однос на одлучувањето (засновано на принципот на заслуга) го зголемува евроскептицизмот во регионот.
Политиката на Европската унија кон Западен Балкан само во последните три години имаше многу подеми и падови. Позитивните работи во нивниот пристап главно се сведуваат на презентирање на нови документи и рамки кои се добри…

Read More
1 111 112 113 114 115 121