Комисијата што работи на одлучување за доделување на туѓа нега работи само еднаш месечно и тоа меѓу другото е еден од најголемите проблеми со кој се соочуваат нашите сограѓани при остварувањето на ова законско право. Исто така, термини има ретко, само вчера имаше одеднаш пуштено 150 термини, но без најава и ова се претвара во игра наречена „брзи прсти“. Граѓаните се со право гневни бидејќи битката за закажување термин за туѓа нега очигледно ја добиваат…
Read MoreAuthor: Александар Ѓелевски
Мургашанска: советничката функција треба да ни е врвен приоритет! (ВИДЕО)
Педесет и втората седница на Советот на Општина Куманово вчера беше прекината бидејќи за оддржување на истата немаше кворум. Затоа, пак, опозициската ВМРО-ДПМНЕ лесно го постигна кворумот за напуштање на седницата, откако приговараше дека нема доволен број советници од владеачката партија. Советничките прашања, што беа на вчерашниот дневен ред, беа најочекуваната точка, покрај другите што опозицијата ги сметаше за важни. Одговорно и посветено, работејќи во интерес на граѓаните, е ваша обврска без оглед од која…
Read MoreКрводарителска акција на СВР Куманово (ВИДЕО)
СВР Куманово ја огранизираше првата крводарителска акција за оваа година. Акцијата се одвиваше во просториите на НУЦК „Трајко Прокопиев“. Ja имаме изјавата на претставникот од Црвен крст Куманово која можете да ја слушнете во продолжение.
Read MoreКонтроли за брзо возење на автопатот Гевгелија-Куманово
Зајакнатата акциска контрола на мобилната единица за безбедност во сообраќајот казни 75 лица на автопатот Гевгелија-Куманово. 12 од нив се движеле со брзина над 50 км на час од дозволената, а едно возило дури и со над 70 км/ч. Засилени контроли ќе има и во наредните денови.
Read More51 казна за неносење маска вчера во Куманово
Полициските службеници вчера напишале 51 казна на граѓаните на Куманово поради непочитување на задолжителната законска обврска за носење заштитна маска на лицето.
Read MoreПовторно отворен Граничниот премин Евзони
Граничниот премин Евзони на македонско-грчката граница, утрово е повторно отворен за секаков вид сообраќај за влез и излез од земјата. Министерството за внатрешни работи соопшти дека, според информациите добиени од Република Грција, граничниот премин што поради штрајк на грчките цариници беше затворен од вчера од 5 часот, е отворен утринава од 05.30 часот.
Read MoreКК Куманово прв во Израел ќе игра пред публика
Кошаркарскиот клуб на Куманово, во првата рунда од втората фаза во регионалното БИБЛ натпреварување, ќе гостува кај израелскиот Хапоел Холон.
Раководството на лигата соопшти дека средбата во „Тото“ Арената ќе се одигра пред домашните навивачи, односно трибините ќе бидат исполнети со околу 300 гледачи. Ова е за прв пат откако пандемијата стана „новото нормално“ и во кошарката.
Натпреварот е закажан за 23-ти февруари, во 17 часот, а за Куманово тој ќе биде голем предизвик.
Само да потсетиме дека…
Здравствен дом Куманово се подготвува за вакцинација (ВИДЕО)
Здравствениот дом, Куманово, интензивно се подготвува за претстојната вакцинација на здравствените работници со вакцина против коронавирусот, соопштуваат од оваа здравствена установа. Кадарот ни е заинтересиран да ја прими вакцината, но предност секако ќе имаат вработените во Итна помош. Тимот веќе бил на обучување, а имаат подготвено и посебна просторија со засебен влез, одвоени од местото каде се спроведува вакцинацијата на децата.
Директорот, Фарук Алили, рече дека вакцинацијата во прво време ќе се одвива на еден пункт,…
Повозрасно лице од Куманово пријавено за исчезнато
С.М.(68) од Куманово вчера се оддалечил од неговиот дом и не се вратил.
Откако семејството не успеало да го пронајде го пријавило случајот во полиција, чии припадници работат на расветлување на случајот.
Колку возила месечно влегуваат во „мрежата„ на пајак службата?
Поради непрописно паркирани возила што секогаш го попречуваат безбедното одвивање на сообраќајот во Куманово, вработените во ЈП „Куманово паркинг“ и сообраќајната полиција работеле со полна пареа. Сите санкции изречени од страна на овие служби се однесувале на возачите кои паркирале на прометни коловози, пешачи премини, тротоари, зелени површини, а не ретко биле изречувани и како пријава од трето лице. Кумановци сакаат по секоја цена да го избегнат плаќањето на паркинг услугите, па затоа подигнати се…
Read More