Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Д.К.(40) од Куманово – полициски службеник во Полициската станица Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.
На 14 декември 2020, пријавениот во својство на полициски службеник при вршењето службата физички го малтретирал И.П. од Куманово при што му нанел телесни повреди. Против полицискиот службеник е поведена и постапака за утврдување дисциплинска одговорност.
Author: Александар Ѓелевски
Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ не биле организатори на протестите
Речиси сите сведоци на денешното рочиште за настаните од „27 април“ беа едногласни во излагањето дека ВМРО-ДПМНЕ не било организатор на протестите. Драган Петковски и Сашо Стошевски посочија дека Општинскиот комитет на партијата од Куманово немал никаква одлука за поддршка на протестите.
Стошевски исто така посочи дека немал никакков контакт со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и оти луѓето кои се појавувале на протестите не биле организирани од партијата туку доаѓале самоиницијативно.
Тешко повреден градежен работник во Куманово
На 04.03.2021 година во 13.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „Доне Божинов“ во Куманово, Д.Г.(39) паднал додека извршувал градежни активности на објект. Д.Г се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ошта болница Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Извршен бил увид на место на настанот.
„Студена вода“ се закити со нови садници (ВИДЕО)
Целта е да пошумиме што поголем број површини секаде, вклучувајќи ги и нашите излетнички места – рече од месноста „Студена вода“ Максим Димитриевски. Освен долгорочните мерки, општината успешно спроведува и краткорочни мерки во вид на кампањи, апели и акции, но, и сите граѓани треба да се вклучат активно во сочувување на животната околина и засадување на што поголем број садници, како наједноставен начин во борбата против загадувањето, посочи тој.
Ревитализиран Клубот на советничките (ВИДЕО)
На иницијатива на претставничките од невладиниот сектор и со нивна директна асистенција, некогаш постоеше Клуб на советнички од Куманово. Клубот симболично се обновува пред меѓународниот ден на жената, но со повозвишена идеја: да немаме само ден на жената, месец на жената, туку да промовираме година на жената, рече меѓу другото во своето обраќање денеска Атина Мургашанска, претседателката на градскиот Совет. Планинарска тура, во соработка со градоначалничката на Општина Старо Нагоричане, е една од првите предвидени…
Read MoreВисок пораз на Куманово во БИБЛ лигата
Кошаркарите на Куманово претрпеа висок пораз вечерва на домашен терен од бугарскиот тим „Академик“ со 87:70 во премиерниот натпревар од втората фаза во регионалната БИБЛ лига.
Куманово лошо ги одигра воведните две четвртини, постигнувајќи само 22 поени, и на полувреме имаше негатива од 15 кошеви (37:22).
Македонскиот тим во следниот натпревар од вториот дел во групната фаза во регионалната кошаркарска лига го пречекува израелскиот тим „Хапоел Холон„, што ќе се игра на 12ти Март.
Концерт на Дарко Тодоровски со посвета за дамите
Оперскиот пејач Дарко Тодоровски, во пијано придружба на Марко Митковски, ќе оддржи концерт посветен на дамите од нашиот град. Концертот е утре, петок во НЦУК „Трајко Прокопиев“, со почеток од 19ч., а билетите се подигаат од вчера, на билетарата во Театар Куманово. Побрзајте, бидејќи се со ограничен број, само 50, поради здравствените протоколи и се бесплатни, како подарок од Дарко и Марко за кумановскиот понежен пол.
Read MoreКумановка физички нападната и ограбена
Шеесет и едногодишна кумановка вчера пријавила дека била физички нападната и ограбена. Нападот се случил во 13:04 ч, на ул.„Денко Драганов“, каде што ѝ бил одземен паричникот, не’ известија од секторот за внатрешни работи, каде што се превземаат мерки за расчистување на случајот.
Read MoreЌе се спојат улиците „11 Октомври“ и „11 Ноември“
Од вчера Општина Куманово почна со реконструкција и пробивање на кракот од улица „11 Ноември“ кон улицата „11 Октомври“ во центарот на Куманово.
Поврзувањето на двете улици е со цел да се намали сообраќајниот метеж во овој дел на градот. Новата улица е во должина од 310 метри, а нејзината реконструкција ќе чини 4.735.000 денари. Пред започнувањето на градежните работи беа отстранети времените објекти и се создадоа услови за реализација на проектот.
Градоначалникот Димитриевски истакна дека ова…
46 кумановци вчера казнети за неносење маска
Четириесет и шест лица во Куманово вчера биле казнети поради непочитување на законската обврска за задолжително носење заштитна маска на лицето, информираа надлежните од полицијата.
Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најмногу се во Куманово 46, во Крива Паланка се 19 и во Кратово 13.
За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.