Казнети 79 кумановци, не носеле маски

Казнети 79 кумановци, не носеле маски

Седумдесет и девет кумановци ќе се соочат со парична казна, затоа што не ја почитувале препораката за носење на заштитна опрема на јавно место.
„Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (29.03/30.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 111 лица не ја почитувалe. Од нив во Куманово се 79, во Крива Паланка 19 и во Кратово 13…

Read More

Крадец во казино, приведен од полицијата

Крадец во казино, приведен од полицијата

Кумановската полиција приведе кумановец кој одзел пари од вработена во казино, соопшти денеска СВР Куманово. Имено, вчера во 21: 45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.М.(36) од Куманово поради сомнение дека околу 18:50 часот во казино на улицата „Тоде Мендол“ искористил згодна прилика и одзел пари од вработената. Тој бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

5ти Април – неработен за верниците католици

5ти Април – неработен за верниците католици

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), петти април, 2021 година, (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.

Read More

Конкурс за прием во ученичките домови

Конкурс за прием во ученичките домови

Во ученичките домови во Североисточниот регион ќе бидат примени вкупно 210 ученици, откако Мнистерството за образование и наука го објави конкурсот за прием, за учебната 2021/2022 година. Слободни се вкупно 2.578 места за престој и исхрана на учениците од средните училишта. Во Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“  има место за  120 ученика, во „Боро Менков“ во Крива Паланка 57 и во „Митко Панџуклиски“ 33.
Согласно здравствениот протокол за справување со ковид-19, во јавните ученички домови во една…

Read More

Откриен нерегистриран угостителски објект во с. Опае

Откриен нерегистриран угостителски објект во с. Опае

Нерегистриран угостителски објект во липковското Опае работел и не ги почитувал протоколите, соопшти денеска СВР Куманово. Инспекцијата се случила на 26ти Март кога и било констатирано дека освен што не работи по протоколите, објектот нема ни регистрација.
По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Read More

82 пишани казни за неносење маски

82 пишани казни за неносење маски

Полицијата во изминатово деноноќие напишала 82 казни по основ непочитување на  Уредбата за задолжително носење заштита на лицето. Бројката на ниво на СВР Куманово е 120, од кои во Крива Паланка 28 и во Кратово 10. Што се однесува до пречекорувања на забраната за движење по 22 часот, истите не биле регистрирани.

Read More

Косовски државјанин приведен на Табановце

Косовски државјанин приведен на Табановце

Триесет и тригодишен државјанин на Косово викендов бил приведен на Граничниот премин Табановце, откако при преглед кај него била пронајдена патна исправа на македонски државјанин. Се работи за лицето М.Л (33), од Косово, како што информираа од МВР. Лицето носело лична карта на свое име, но и патна исправа на државјанин на Р.С.М.
Лицето и одземените исправи биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Read More

Од Ковид 19 во Куманово се лекуваат 143 пациенти

Од Ковид 19 во Куманово се лекуваат 143 пациенти

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 869 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Состојбата во Куманово евидентира 143 хоспитализирани, што е повеќе од болниците во Битола, Тетово, Велес, Охрид и Прилеп. Но, бројките се менуваат од час во час, поради направените приеми и исписи на пациентите. Околу 300 легла до овој момент остануваат слободни.

Read More

За само една недела голем пораст: 425 случаи на корона

За само една недела голем пораст: 425 случаи на корона

Аналитичките податоци за Куманово не изгледаат добро ако се земе во предвид  дека во текот на изминатата недела (22.03 – 28.03) се бележи драстично зголемување на бројот на новозаболени, но и починати пациенти од коронавирусот.
Вкупно 425 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела. Тоа е значително зголемување во однос на неделата претходно кога биле регистрирани вкупно 259 нови случаи.
За жал, раст бележи и бројот на…

Read More

Растурена забава во центарот на Куманово

Растурена забава во центарот на Куманово

Неколку малолетни и полнолетни лица викендов се забавувале во семеен дом во центарот на Куманово, при што не ги почитувале мерките за заштита од вирусот, па морала да интервенира и полицијата. По претходна пријава, полицијата извршила контрола во семејна куќа на ул.„Народна Револуција“, сопственост на Е.Т.(37), така што било констатирано дека не се почитуваат мерките за спречување на ширење на Ковид-19. На забавата присуствувале 10 полнолетни и 11 малолетни лица, како и трите ќерки на…

Read More
1 63 64 65 66 67 121