Помош за сите бизниси во Куманово од градоначалникот Димитриевски и од Општината

Помош за сите бизниси во Куманово од градоначалникот Димитриевски и од Општината

На само еден месец од почетокот на пандемијата, градоначалникот заедно со Советот на општината изгласаа намалување на фирмарина од 6.000 денари на 4.000 денари – мерка која беше позитивно прифатена од бизнис секторот. Со блиска соработка и слушање на потребите на бизнис заедницата од малите и средни претпријатија, градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, уште на самиот почеток на пандемијата понуди помош и поддршка, чија цел беше помош и заштита на економијата во градот.
 
– Вратите…

Read More

Гимназијата „Гоце Делчев“ со нова техничка опрема

Гимназијата „Гоце Делчев“ со нова техничка опрема

Средното Општинско Училиште Гимназија „Гоце Делчев“ во новата година со нови инвестиции. Набавени се нова тура на компјутери, интерактивни (smart) табли и смарт телевизори со кои ќе бидат опремени сите кабинети во училиштето, а со што значајно се подобруваат условите за изведување на наставата. Започнато е обновување на инвентарот со прва набавка на анатомски полипропиленски столчиња, модерни и исклучително издржливи, како и нови врати и корпи за отпадоци. Набавени се нови фотокопири и апарати за…

Read More

Од полноќ поскапуваат нафтените деривати

Од полноќ поскапуваат нафтените деривати

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,53 отсто.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за еден денар за литар и ќе изнесуваат 63, односно 54,5 денари.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство…

Read More

18 смарт табли и 26 компјутери набави Општина Куманово

18 смарт табли и 26 компјутери набави Општина Куманово

Осумнаесет смарт табли и дваесет и шест нови компјутери денеска се поставени во Средното општинско училиште „Сами Фрашери“ во Куманово.
Опремата е набавена од страна на Општина Куманово, а од училиштето очекуваат со овие средства значително да им се подобри спроведувањето на образованиот процес.
„Смарт таблите и новите компјутери се набавени од страна на Општина Куманово, а со ова целосно се менуваат условите, сега очекуваме изведувањето на наставата да биде многу подобро, а особено затоа што сега…

Read More

Казнет пратеник – зборувал на телефон додека возел од Куманово кон Скопје

Казнет пратеник – зборувал на телефон додека возел од Куманово кон Скопје

Пратеник е казнет затоа што не ги почитувал сообраќајните правила и зборувал на мобилен телефон додека возел на патот Куманово-Скопје.
„Полициски службеници од СВР Скопје денеска му врачија платен налог на пратеникот М.К., кој го прекршил Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со тоа што зборувал на мобилен телефон додека го управувал своето возило на патот Куманово-Скопје“, – соопштува МВР.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да…

Read More

Универзитетите во Македонија можат да создадат одржливо граѓанско општество

Универзитетите во Македонија можат да создадат одржливо граѓанско општество

Артан Лимани (Artan Limani), Кеси Л. Барнхард (Cassie L. Barnhardt), Џеф Лаи (Jeff Lai) и Соломон Фентон-Милер (Solomon Fenton-Miller)

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.
Универзитетското образование е суштински елемент за мирот и просперитетот на една држава. Тоа претставува ресурс за економски развој во рамките на една држава и регион. Клучно е тоа што високото образование, исто така,…

Read More

Глобални заложби против климатските промени: Што понатаму?

Глобални заложби против климатските промени: Што понатаму?

Рејчел Галовеј

Измина еден месец откако светот се обедини на Самитот за климатски амбиции на 12 декември минатата година, каде домаќини беа Велика Британија, ООН и Франција заедно со нашите партнери Италија и Чиле. Беше тешка година, со оглед на тоа што земјите низ целиот свет се бореа со последиците од КОВИД-19.
Но, пандемијата не ја запре климатската криза. Просечните температури се зголемуваат на глобално ниво. Последиците од климатските промени сè повеќе се видливи во сите земји….

Read More

Новиот закон што ги отвора браните на цензурата во Турција

Новиот закон што ги отвора браните на цензурата во Турција

Каан Бајракошан

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 2021 година ќе биде година кога ќе видиме дали технолошките гиганти ќе се приспособат на регулативите или ќе бидат блокирани во Турција.
Темата за социјалните медиуми беше една од најчесто дискутираните теми во Турција изминатата година. На 1 јули, претседателот Ердоган изјави дека планираат да ги затворат и контролираат социјалните медиуми, додавајќи дека, од…

Read More

Нереални се очекувањата дека Софија ќе попушти за членството на Македонија во ЕУ

Нереални се очекувањата дека Софија ќе попушти за членството на Македонија во ЕУ

Људмил Илиев

Во Скопје се надеваат дека претстојните парламентари избори во Бугарија се една од причините поради кои владата на Бојко Борисов не попушта во врска со членството на Македонија во ЕУ. Сепак, какви и да се резултатите од изборите, не постои сценарио во кое Софија ќе ја омекне својата позиција за македонските евроинтеграции.
Во Бугарија јавноста ретко обрнува внимание на националната надворешна политика. Вниманието на најмногу го привлекуваат честите скандали во власта и препирките меѓу политичките…

Read More

Крвавата среда на САД

Крвавата среда на САД

проф. д-р Светомир Шкариќ

Доналд Трамп не го признава исходот од претседателските избори, и покрај поразот со разлика од седум милиони народни и 74 електорски гласови. Поразот не го признава ни по загубените судски спорови, ни по сертификацијата на електорските гласови. Убеден е дека победата му е украдена. Затоа на 6 јануари го поттикна упадот во Конгресот на САД, сличен на оној во Собранието на РМ од 27 април, 2017.
Излезноста на претседателските избори во САД беше…

Read More
1 64 65 66 67 68 75