Во последните 24 часа се направени 3.897 тестирања, а регистрирани се 1.264 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 585, Прилеп – 60, Битола – 59, Штип – 58, Куманово и Велес по – 56, Кавадарци – 42, Струмица – 36, Тетово и Охрид по – 35, Гостивар – 31, Гевгелија – 28, Кочани – 22, Свети Николе – 21, Неготино – 17, Кичево, Берово и Пробиштип по – 13, Ресен – 11, Радовиш – 9,…
Author: Александар Ѓелевски
Кумановци бараат повеќе термини за брзи тестови (ВИДЕО)
Евидентно е дека бројот на заболени од корона е во пораст и во Куманово. Регуларните и брзи тестови, односно термините за нивно добивање, претставуваат тешкотија за матичните лекари кои и административно се трудат да ја добијат секоја поединечна битка за пациентите. Здравствените работници од нашиот град укажуваат и на потребата од зголемени тестови за Д-димери и стравуваат дека при евентуално зголемување на бројот на заразени и недостаток на свест и построги мерки на движење, исходот…
Read MoreЗатворениците од кумановскиот затвор чистеа околу „Павлешенска чешма“
Осудените лица од Казнено-поправната установа Затвор Куманово во селото К’шање, вчера чистеа околу локацијата „Павлешенска чешма“ покрај регионалниот пат Куманово – Свети Николе.
– Во текот на месец март беше спроведена успешна акција за чистење на кумановската „Павлешенска Чешма“ од страна на осудени лица кои се наоѓаат на издржување на казна затвор во КПУ Затвор Куманово во Отвореното Одделение во Крива Паланка, велат од Управата за извршување санкции.
Како што појаснуваат од Управата, оваа е дел од…
78 казни за неносење маска во текот на ова деноноќие
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (24.03/25.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 119 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.
Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најголем дел се од Куманово 78, во Крива Паланка 26 и во Кратово 15.
За истите, како што информираат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.
Во истиот период не…
Во Куманово 116 хоспитализирани пациенти од Ковид-19
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 835 пациенти позитивни или суспектни на корона вирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во Куманово има 116 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.
Треба да се земе во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на…
Приведен кумановец кој со возило удрил во полициски службеник
Четириесет и петгодишен кумановец вчера околу пладне со својот автомобил удрил во полициски службеник кој извршувал работни задачи.
– На 24.03.2021 година во СВР Куманово бил приведен М.С.(45) од Куманово, бидејќи околу 12.30 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, управувајќи патничко моторно возило „пасат“, удрил во полициски службеник од СВР Куманово кој извршувал службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Седум лица се стекнаа со сертификат за завршена обука за фризери
Успешно заврши првата обука за фризери во студиото „Нате“ во Куманово, која се спроведуваше преку програмата „За побарувани занимања“, поддржана преку Агенцијата за вработување.
Обуката траеше три 3 месеци, а ја завршија седум лица. Фризерското студио и академија „Нате“ е овластен провајдер којшто има верификувана програма преку Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука, за спроведување на вакви обуки.
„Обуката се спроведуваше во периодот од 10 декември до 9 март. Во првите два…
Приведено е 21-годишно лице барано со потерница
На 24.03.2021 во 20:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле Н.А.(21) од с.Слупчане, кој се барал со потерница за доиздржување на затворска казна, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, Н.А. е осуден на четири години затвор за извршено кривично дело по чл.418 ст.2 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.
Новата детска градинка ќе се гради во Матејче
Новата детска градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години.
Изградбата на новата градинка во општина Липково е дел од Компонентата 2 од Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална политика, што е поддржан од Светска Банка, а чија цел е проширување на пристапот и подобрување на квалитетот во системот за згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.
Вo понеделник, 29. март,…
Дваесетгодишник од Слупчане ќе одговара за насилство
Дваесетгодишен жител на селото Слупчане пак заработи кривична пријава под сомнение дека извршил дело насилство минатиот месец.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.С.(20), со живеалиште во Р.Словенија и Б.М.(20) од с.Слупачане, кумановско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ,,насилство”, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од таму појаснуваат дека на 23.02.2021 околу 15.00 часот, во близина на сендвичарница во Куманово, Е.Е.(19) од с.Ваксинце, кумановско, бил физички нападнат од пријавените.