СПМ дава поддршка за повлекување на Законот за попис

СПМ дава поддршка за повлекување на Законот за попис

Извршниот секретар на СПМ и претседател на општинската организација Куманово, Жарко Милошевски, изјави дека социјалистите низ целата држава активно се вклучени и ја поддржуваат граѓанската иницијатива за собирање потписи што треба да издејствува да се повлече Законот за попис. Милошевски истакна дека пописот ѝ е потребен на Македонија, но дека тој треба да биде статистичка, а не политичка операција. Тој воедно ги повика граѓаните да излезат масовно и да го стават својот потпис за оваа…

Read More

Кумановец се обидел да лета со лажен ПЦР тест

Кумановец се обидел да лета со лажен ПЦР тест

Четири лица се обиделе да летаат со лажни негативни ПЦР тестови, а меѓу нив и еден 38-годишен кумановец.
– На 21.02.2021 во 19.20 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје, полициски службеници ги привеле С.С.(38) од Куманово, со место на живеење во Швајцарија, Е.Џ.(43) од Босна и Херцеговина, со место на живеење во Швајцарија, М.Р.(59) од Швајцарија и П.С.(45) од Швајцарија, поради постоење основи на сомнение дека приложиле лажни негативни ПЦР тестови, информираат од Министерството за внатрешни…

Read More

124 казни за неносење маска вчера во Куманово

124 казни за неносење маска вчера во Куманово

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (21.02/22.02.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 162 лица не ја почитувалe.
Од вкупниот број изаддени прекршочни налози, најголем дел биле во Куманово 124, во Крива Паланка 26 и во Кратово 12.
За истите, како што информираат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Read More

„Малата сирена“ на репертоарот на Театар Куманово

„Малата сирена“ на репертоарот на Театар Куманово

По мотиви на Ханс Кристијан Андерсен, а во режија на Бојана Краљевска, утре на сцената во Театар Куманово ќе биде изведена претставата „Малата сирена“. Допирот на водениот со копнениот свет е исполнет со авантура, љубов, магија, среќа и несреќа, а сето тоа претставено преку убава сценографија, добро одбраните костими и музиката, на кумановската публика желна за театарска игра ќе ѝ овозможи незаборавно доживување и своевидна средба со таинственото морско дно. Не ја пропуштајте „Малата сирена“…

Read More

Поскапуваат горивата

Поскапуваат горивата

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе поскапат за денар по литар, а за половина денар ЕУРОДИЗЕЛот и Екстра лесното масло за домаќинство, од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена за литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 64,5 денари, а 66 денари на ЕУРОСУПЕР БС -98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе се продава по 55 денари, а Екстра лесно масло за домаќинство ќе чини 44 денари за литар. Малопродажната цена на…

Read More

Во Куманово нови 17 случаи на ковид-19, еден починат

Во Куманово нови 17 случаи на ковид-19, еден починат

Во последните 24 часа регистрирани се 449 нови случаи на ковид-19, a направени се 3.283 тестирања.
Во Скопје се регистрирани 170 новозаболени, во Прилеп – 55, Кавадарци – 35, Гевгелија – 23, Тетово – 19, Охрид и Куманово – по 17, Битола и Неготино – по 16, Велес – 10, Струга – 8, Струмица и Ресен – по 7, Гостивар – 6, Штип, Делчево и Богданци – по 5, Крива Паланка, Берово и Кратово – по…

Read More

Предолга дискусија за користење тениски терени на 52-та седница на Советот (ВИДЕО)

Предолга дискусија за користење тениски терени на 52-та седница на Советот (ВИДЕО)

Продолжението на 52-та седница на Советот на Општина Куманово започна со долга дискусија за една од точките на денешниот дневен ред што се однесува на правилникот за работа на тениските терени што се на располагање на кумановци и оние што допрва се во план да се изградат. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Петковски, го запраша предлагачот од секторот за спорт, Цоки Ристовски, каква е таа одлука тенис да не се игра под 20 степени Целзиусови, зошто…

Read More

Дискриминирачки потег на Муадини во Советот поради повик за напуштање (ВИДЕО)

Дискриминирачки потег на Муадини во Советот поради повик за напуштање (ВИДЕО)

Советникот Осама Муадини, откако претходно побара пауза за петочната молитва во џамија, по враќањето од неа, а според зборовите на претседателката Мургашанска, повторно навлезе во дискриминирачка реторика кога ги повика Албанците да си заминат од седницата. Муадини се поигра со чувствата на граѓаните со тоа што го искажа револтот за вработување на братот на осуденото лице за прегазување на малиот Алмир Алиу. Советот дури го напушти и албанскиот претставник од редовите на СДСМ.
 

Read More

Седницата на Советот расправаше и за годишниот план за вработување во општината (ВИДЕО)

Седницата на Советот расправаше и за годишниот план за вработување во општината (ВИДЕО)

Давањето согласност за измени и дополнувања по одлуката за годишен план за општински вработувања не е новитет како точка од дневниот ред на Советот, но пак предизвикува лавина коментари, реплики и процедурални толкувања. Партискиот клуч, како единствениот што ги отвора вратите за вработување и во општината, градоначалникот објасни дека интензивно работи да го смени затоа што не е во негов стил на работење и затоа што тука нема место за етнички и други поделби.
 

Read More

Прва работна средба на партиципативното тело за урбанистичко планирање (ВИДЕО)

Прва работна средба на партиципативното тело за урбанистичко планирање (ВИДЕО)

Партиципативното тело за урбанистичко планирање на град Куманово се формираше да придонесе во транспарентноста во процесот на урбано делување и партиципативноста на граѓанските организации во него. На првата работна средба се избраа органите на ова тело: претседател, заменик и секретар – кои доаѓаат од комисијата за урбанизам, а беа разгледани и две предлог плански програми. Деловникот за работа е донесен од Советот на Општина Куманово, минатата година во октомври.
 

Read More
1 92 93 94 95 96 121