Ансамблот „Рушит Шаќир“ го одбележа Меѓународниот ден на Ромите

Ансамблот „Рушит Шаќир“ го одбележа Меѓународниот ден на Ромите

Во организација на Ансамблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир”-Куманово, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово се одбележа 8-ми април, Меѓународниот ден на Ромите. Овој ден се одбележува во чест на првиот Светски конгрес на Ромите и претставува еден од најважните датуми во историјата на овој народ. Заложбите на Општина Куманово се насочени кон целосна социјална интеграција на ромската заедница, со цел да се оствари визијата на ромскиот народ за еднакви чинители во социјалниот живот во рамките на општеството, интегрирање во општествените текови и подигање на нивниот менталитет, согласно со останатите етнички заедници. На настанот беше промовиран краток документарен филм за монографијата „Еден човек за еден народ”.

Read More

(ВИДЕО) Друштвото на писатели продолжува со активностите

(ВИДЕО) Друштвото на писатели продолжува со активностите

Друштвото на писатели од Куманово по застојот предизвикан од коронавирусот, се враќа на своите редовни активности. Традиционално согласно програмата продолжува одбележувањето на сите позначајни датуми. Тие веќе учествуваа во манифестацијата по повод Светскиот ден на поезијата, а во мај им претстои настан по повод Свети Кирил и Методиј.
-Ќе соработуваме со литературните асоцијации од земјава, со здружението на Македонци од Ниш, секоја година и оваа во Зафир Сајто организираме литературна средба. Инаку наша цел е да…

Read More

(ВИДЕО) Успешно се реализира проектот за помош и нега во домот, кој го спроведуваат „Порака наша“ и „Зафир Сајто“

(ВИДЕО) Успешно се реализира проектот за помош и нега во домот, кој го спроведуваат „Порака наша“ и „Зафир Сајто“

Успешно функционира сервисот за нега и помош на стари и лица со попреченост, кој го реализираат Порака наша и Домот за стари „Зафир Сајто“. Обучени негователи им помагаат на овие лица во домашни услови, но и при извршувањето на секојдневните активности. Опфатени се 32 семејства во Куманово.

Read More

Ново спортско игралиште во Пчиња

Ново спортско игралиште во Пчиња

Кумановското село Пчиња доби ново спортско игралиште. Поставена е ограда, асфалтната и тартан подлога, голови и кошеви
Во програмата за работа во следниот четиригодишен период, Општина Куманово има предвидено реализација на проекти од повеќе области, меѓукои и имплементација на спортски проекти кои даваат шанса на сите млади луѓе својата спортска кариера да ја градат во својот роден град. Да ги поттикнуваме нашите млади на здрави животни навики. Продолжуваме да градиме спортско-рекреативна инфраструктура на територија на целата…

Read More

Промоција на албум „City of Diluted Lights” на Sinking Photon

Промоција на албум „City of Diluted Lights” на Sinking Photon

Во библиотеката „Тане Георгиевски“ денеска во 13 часот ќе се одржи промоција на албумот „City of Diluted Lights” на Sinking Photon, под етикета на издавачката куќа Магна Матер / Wire Entertainment.
Sinking Photonе проект на Никола Наумовски (музичар, композитор и поет). „City of Diluted Lights” e негово прво музичко издание, кое дигитално може да се чуе и купи на bandcamp профилот на издавачот. Микс на албумот е направен од Alex Plant, додека aртворкот е дело на…

Read More

Одбрана на голманката Бисера Паскал, номинирана во Топ 5 во Шпанија

Одбрана на голманката Бисера Паскал, номинирана во Топ 5 во Шпанија

Голманката Бисера Паскал од Куманово, која во моментов игра во Тенерифе, Шпанија на последниот натпревар со Морведре успеа да обрани четири од седум пенали.
За одличната одбрана за еден од пеналите (изведен од Александра Барбоша) е номинирана во Топ 5 одбрани во шпанската прва лига.
Да и дадеме поддршка на Паскал на следниов линк.
https://twitter.com/iberdroladhf/status/1512029926475542533?s=24&fbclid=IwAR2P6Wfz9_mDentVUHBCvQ0pFGZF0hmhyO6qghiPx3qE9Zaaxo6O2H9kXII
Паскал минатата сезона со ЖРК Куманово освои двојна титула, Женската супер лига на Македонија и Купот на Македонија. Taa е родена во 1996 година…

Read More

Казнети деветмина возачи, не дале предност на пешаци

Казнети деветмина возачи, не дале предност на пешаци

На подрачјето на СВР  Куманово во текот на вчерашниот ден од 07 до 12 часот  спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачите кои не даваат првенство на минување на пешаците на пешачки премин. При контролата констатирани се 9 прекршоци од кои 6 на подрачје  на  Куманово и 3 во Крива Паланка. На возачите им биле изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидени глоби.
Апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и…

Read More

(ВИДЕО) СДСМ бара одговорност за рушењето на фасадата на интернатот

(ВИДЕО) СДСМ бара одговорност за рушењето на фасадата на интернатот

Одговорност за рушењето на фасадата на јавната установа Ученички дом „Професор Мијалковиќ” во Куманово денеска побараа од општинската организација на СДСМ. Од партијата укажаа дека оваа установа беше реконструирана само пред година и пол. Прашаа дали е направен увид од стручните служби, дали изведувачот има одговорност, кој го извршил стручниот надзор и дали ќе има одговорност?
–Пред една недела на ова место при малку посилен но не толку разорен ветар фасадата на ученичкиот дом и сама…

Read More

(ВИДЕО) СПК „Козјак“ одбележува 40 години постоење

(ВИДЕО) СПК „Козјак“ одбележува 40 години постоење

Спортско планинарскиот клуб „Козјак“ одбележа 40 години од своето постоење. По тој повод членовите на клубот организираа свечена академија на која ги презентираа активностите, а за својата активност членовите добија и благодарници. По повод јубилејот во недела ќе се реализира и акција Куманово Биљановце-Борови-Студена вода.
За почетоците на клубот зборуваа неколку активисти. Клубот кој е еден од најстарите во земјава, бил формиран во 1967 година, а веќе наредната година бил згаснат. Возобновен е во 1982 година.

Покрај…

Read More

Расчистени шест кражби во деловни објекти

Расчистени шест кражби во деловни објекти

На подрачјето на СВР Куманово изминатава недела се расчистени 6 кражби, кои биле извршени во деловни објекти.
Полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција од Куманово од слобода лишиле четири лица поради постоење основи на сомнение дека се извршители на делата.
Секторот за внатрешни работи Куманово презема засилени мерки и активности за расчистување и на други кривични дела.

Read More
1 126 127 128 129 130 381