(ВИДЕО) На плоштадот бесплатно се мереше шеќер во крвта

(ВИДЕО) На плоштадот бесплатно се мереше шеќер во крвта

Кумановци денеска на градскиот плоштад имаа можност да го проверат нивото на шеќерот во крвта, во рамки на акцијата по повод Светскиот ден на здравјето, 7-ми април, којашто ја организираа Здружението на дијабетичари Куманово, здравствената струка од средното техничко училиште „Наце Буѓони“, Здружението на пензионери и Црвениот крст. Од здружението на дијабетичари посочуваат дека ваквите превентивни акции се значајни за рано откривање на болеста. Нагласуваат дека во наредниот период планираат акции и во претпријатијата, руралните…

Read More

(ВИДЕО) Енергетската криза ги погоди јавните претпријатија, ќе се бара поддршка од Владата

(ВИДЕО) Енергетската криза ги погоди јавните претпријатија, ќе се бара поддршка од Владата

Покачената цена на електрична енергија и гас, како и зголемената минимална плата, се закана за работата на јавните претпријатија во Куманово. Надлежните се загрижени за ваквата состојба бидејќи може да се одрази на квалитетот на услугата кон граѓаните. Веќе побарале поддршка од Владата но се уште не добиле одговор.
За ваквата состојба денеска се дискутираше и во Советот на Општина Куманово. Власта од Советот предложи Владата да им помогне, но опозицијата од СДСМ нагласи општината сама…

Read More

Препорачано укинување на маските во затворен простор, но не секаде

Препорачано укинување на маските во затворен простор, но не секаде

Комисија за заразни болести денеска одржа редовен состанок на кој донесе одлука за намалување на рестриктивните мерки и препорача две нови мерки.
-Предлагаме укинување на задолжително носење маски во затворен простор. Исклучок од оваа мерка се здравствените установи, домови кои згрижуваат лица, аптеките и јавниот превоз. Маските може да се носат само по желба, но задолжително носење не се практикува, велат од Комисијата.
Оваа мерка ќе се однесува и на наставниците, односно и тие повеќе нема да бидат обврзани…

Read More

Тушевски: Со обединето членство да ја вратиме довербата

Тушевски: Со обединето членство да ја вратиме довербата

Новиот претседател на општинската организација на СДСМ Куманово, Александар Тушевски најави дека ќе се залага за враќање на довербата на граѓаните и обединување на членството.
-Ветувам дека со моите идеи, програмата, решенијата и енергија ќе придонесам за доброто на Куманово и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. За ова да го постигнам ќе треба многу работа и труд, како и одговорност. Мојот приоритет се граѓаните и нивниот квалитетен живот-напиша Тушевски, изразувајќи благодарност до централното раководство и претседателот на…

Read More

(ВИДЕО) Со едукативна работилница одбележан меѓународниот ден на спортот

(ВИДЕО) Со едукативна работилница одбележан меѓународниот ден на спортот

По повод  6-ти април, меѓународен ден на спортот за развој и мир, се одржа спортска едукативна работилница која ја организираа Македонскиот олимписки комитет и Општина Куманово. Претставниците на спортските клубови и здруженија од Куманово имаа можност да ги споделат проблемите со коишто се соочуваат, но и да дадат свои предлози за надминување.

Се зборуваше и за ваучерскиот систем, придобивките од него но и начинот на добивање на средствата. Претседателот на комитетот нагласи дека клубовите имаат право…

Read More

Утре ќе се одржи седмата седница на Советот

Утре ќе се одржи седмата седница на Советот

Извештаи за работа на јавните претпријатија, состојбата со енергенси во училиштата, нови цени за собирање и транспортирање комунален отпад, како и нов начин за користење на тениските терени, се дел од точките за кои утре ќе расправаат советниците на седмата седница на Советот на Општина Куманово.
Советниците ќе ја анализираат состојбата во јавните претпријатија установи и основните и средните училишта по зголемувањето на цените на енергенсите за греење за периодот декември 2021 – февруари 2022 година…

Read More

Кумановец приведен, ја нападнал сопругата

Кумановец приведен, ја нападнал сопругата

Полициски службеници привеле 52-годишен кумановец, затоа што во семеен дом физички ја нападнал сопругата.
Настанот се случил вчера во 21 и 30 часот, информира полицијата. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Read More

Двајца кумановци приведени, пронајдена марихуана

Двајца кумановци приведени, пронајдена марихуана

Двајца кумановци вчера биле приведени бидејќи полицијата кај нив пронашла марихуана, информира СВР Куманово.
Вчера, полициски службеници ги лишиле од слобода А.Д.(19 години) и М.Ц.(30 година) од Куманово затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Приведен кумановец, се заканувал со остар предмет

Приведен кумановец, се заканувал со остар предмет

Шеесет и шестгодишен кумановец бил приведен во полицијата, бидејќи со остар предмет му се заканувал на 20-годишно момче, информира кумановската полиција.
Вчера  во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ѓ.А. (66 години) од Куманово затоа што на улица „Козјачка“ во населба Доброшане со остар предмет му се заканувал на Д.С.(20 години) од Куманово.  По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Read More

На „Железничка“ пронајдени две гранати од Втората светска војна

На „Железничка“ пронајдени две гранати од Втората светска војна

Четириесет и деветгодишен кумановец на улицата „Железничка“ пронашол две неексплодирани минофрлачки гранати од Втората светска војна со калибар 75мм, информира кумановската полиција.
Настанот бил пријавен вчера по 14 часот, по што екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Read More
1 127 128 129 130 131 381