Тече изградбата на Смарт парк

Тече изградбата на Смарт парк

Во тек е асфалтирањето на пешачки патеки во стариот градски парк. Изградбата на Смарт парк се спроведува преку проектот на Центарот за развој на североисточниот плански регион „Подобрување на инфраструктурата за развој на алтернативни форми на туризам, спорт и животна средина“ со кој се предвидени повеќе активности.

Во паркот, кој се наоѓа во близина на автобуската станица ќе има нов простор за спорт и рекреација, нови пешачки патеки, нови Смарт клупи, соларни канделабри, ново детско катче.

Предвидени…

Read More

Градоначалникот на средба со амбасорката на Србија

Градоначалникот на средба со амбасорката на Србија

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска оствари прва официјална средба со амбасадорката на Србија, Невена Јовановиќ. На средбата било изразено обостраното задоволство од досегашната успешна соработка, која донела долгогодишни значајни резултати, напиша Димитриевски.
– Беше истакната волјата за одржување на пријателството преку соодветни решенија, кои ќе донесат високо ниво на реализација на бројни проекти. Согласно изградената добра основа, преку вложени напори за унапредување на коректните односи и продлабочување на плодната соработка, се очекува спроведување на проекти…

Read More

Кумановци утре на плоштадот ќе го следат фудбалскиот натпревар

Кумановци утре на плоштадот ќе го следат фудбалскиот натпревар

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, го прифати предлогот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, па кумановци утре со почеток во 20 и 30 часот, на градскиот плоштад на видео бим заедно ќе можат да го следат натпреварот на македонската репрезентација со Португалија, за пласман на светското првенство во Катар.

-Куманово обединето со поддршка за успех на македонските фудбалери! Да ги извадиме знамињата, да ја испееме во еден глас химната македонска и да покажеме единство за…

Read More

Околу 1.650 повици на бројот 112

Околу 1.650 повици на бројот 112

Околу 1.650 повици во просек дневно примаат диспечерите на новоотворениот број за итни повици 112. Покрај овој број сè уште функционираат постојните броеви 192, 193 и 194, на кои може да се побара итна медицинска, полициска или противпожарна помош.
Планирано е овие броеви да бидат во функција уште една година, а во меѓувреме, како што велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) под чија надлежност е Оперативниот центар на 112, граѓаните ќе треба да го научат новиот број за итни ситуации.
 

Read More

Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари

Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари

Бензините БС-95 и БС-98, како и Еуродизелот од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, а за три денари Екстра лесното масло за домаќинства, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата малопродажбна цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 денари, а 85,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по 87,50, а Екстра лесното масло за домаќинство за 84 денари. Нагорна корекција за 1,140 денари има кај цената на…

Read More

(ВИДЕО) 83 санкционирани возачи во Куманово, 59 за брзо возење, 24 за возење под дејство на алкохол

(ВИДЕО) 83 санкционирани возачи во Куманово, 59 за брзо возење, 24 за возење под дејство на алкохол

Во текот на изминатиот викенд СВР Куманово продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на Куманово изречени се вкупно 83 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции и 24 санкции за возење под дејство на алкохол.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Read More

44 санкции за непрописно вградени фолии

44 санкции за непрописно вградени фолии

Во периодот од 21.03.2022 до 27.03.2022  Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 44 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за…

Read More

Предлог-иницијатива кумановци од плоштад да ја бодрат репрезентацијата

Предлог-иницијатива кумановци од плоштад да ја бодрат репрезентацијата

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предлага градоначалникот и општината, согласно можностите и ресурсите да организираат на плоштадот заедничко гледање на утрешниот натпревар на македонската репрезентација, за пласман на светското првенство во Катар.
-Куманово обединето со поддршка за успех на македонските фудбалери! Да ги извадиме знамињата, да ја испееме во еден глас химната македонска и да покажеме единство за уште еден успех и победа-напиша координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Доцевска Божиновска.

Read More

Кумановци се пресметувале на улица

Кумановци се пресметувале на улица

Полициски службеници вчера по 15 часот на улицата „11-ти Октомври“,ги затекнале Т.Т.(41 година) и М.Т.(47 години), двајцата од Куманово, како го нарушуваат јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, информира полицијата.

Read More

(ВИДЕО) Кумановската болница од денеска се затоплува на гас

(ВИДЕО) Кумановската болница од денеска се затоплува на гас

Општата болница во Куманово од денеска се затоплува на гас. Вработените од јавното претпријатие „Куманово гас“, по неколкуте пробини тестирања, утринава установата ја приклучија на мрежата. Болницата досега се затоплуваше на мазут, кој се смета за еден од поголемите загадувачи на воздухот.
-Во претходниот период имавме ние неколку тест проби се беше како што треба и денеска официјално болницата влегува како наш корисник на гас. По проекциите треба да биде наш најголем потрошувач. Сите безбедносни системи…

Read More
1 131 132 133 134 135 381