Спасовски во посета на СВР Струмица и на средба со градоначалникот Костадинов

Спасовски во посета на СВР Струмица и на средба со градоначалникот Костадинов

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски реализираше работна средба со раководството на СВР Струмица. На средбата беше утврдено дека Секторот за внатрешни работи како минатата година така и во текот на овие три месеци од 2022 година покажува респектабилни резултати што се должи на генералните заложби за поквалитетно и поефикасно функционирање на полицијата.
На средбата министерот Спасовски напомена дека СВР Струмица минатата година на ниво на вкупниот криминалитет има остварено ефикасност од 43 проценти и…

Read More

Претреси на територијата на цела држава, запленети дрога и муниција, приведени над 20 улични дилери во повеќе градови

Претреси на територијата на цела држава, запленети дрога и муниција, приведени над 20 улични дилери во повеќе градови

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи денеска во соработка со единиците за недозволена трговија со дрога и оружје на подрачјата на сите сектори и одделенија за внатрешни работи во државата презеде координирани активности за сузбивање на продажба на наркотична дрога, улично дилерство на наркотични и синтетички дроги и недозволена трговија со огнено оружје.
Од 05.00 часот на територија на Република Северна Македонија беа извршени претреси во домови…

Read More

6 починати и 322 нови случаи на Ковид-19

6 починати и 322 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.246 тестови, а регистрирани се 322 нови случаи на КОВИД-19. Од нив 12 се од Куманово.
Истиот период регистрирани се 308 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје (86 години), во болнички услови. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица, од:…

Read More

Викендов почнува летното сметање на времето

Викендов почнува летното сметање на времето

Викендов почнува летното сметање на времето. Ноќта меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред, што значи дека наместо два ќе биде три часот.
Часовниците се поместуваат двапати годишно, на последниот викенд од март и октомври.
Во март стрелките се движат еден час напред, а во октомври се враќа часовникот еден час наназад.
Поместувањето кон летното, односно зимското сметање на времето е со цел да се заштеди енергија.
 

Read More

Зачестени пожари и во Старо Нагоричане

Зачестени пожари и во Старо Нагоричане

Последнава недела зачестија пожарите на отворен простор и во општина Старо Нагоричане, информираа надлежните од територијалната противпожарна единица. Вчера пожарникарите гаселе пожар на сува трева и нискостеблеста шума во атарот на село Алгуња на површина од шест хектари. Пожарникарите успеале да го изгасат пожарот за пет часа од избувнувањето од 11 до 16:00 часот.  Екипите од Старо Нагоричане интервенирале на уште еден пожар во село Стрезовце каде горело суви гранки, дрвја, сува трева. Последнава недела…

Read More

Во Центарот за култура се отвори изложбата „Once again“

Во Центарот за култура се отвори изложбата „Once again“

Во Центарот за култура синоќа се отвори изложбата насловена „Once again“, на авторот Давор Кешќец. Кумановци имаа можност да разгледаат дела графики и слики кои авторот ги работел последниве години.
– Млад талентиран ликовен графичар кој освен со слики се занимава и со улична арт уметност, учествувал во цртање на графити и мурали за разубавување на Скопје. Тој ја слика реалноста според видувањето и елементите ги преточува во музички инструменти, вели директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“,…

Read More

(ВИДЕО) Спортско качувачки маратон викендов на Бислимска клисура

(ВИДЕО) Спортско качувачки маратон викендов на Бислимска клисура

Спортско качувачки маратон викендов ќе се одржи на Бислимска клисура, која се наоѓа на околу пет километри од Куманово, во селото Пчиња. Оваа е втор маратон, кој го организираат спортско качувачки клиб Екстрим од Скопје, Вертикал травел и Општина Куманово. Првиот се одржа во 2020 година. Најавено е учество на спортисти од земјава, како и гости од Србија и Грција.
–Ќе биде интересно, два дена се качува на карпа, и кој ќе има најмногу искачени насоки…

Read More

(ВИДЕО) Зголемен број повици и интервенции на Итната помош

(ВИДЕО) Зголемен број повици и интервенции на Итната помош

Наглите временски промени ја зголемија работата на Итната медицинска помош. Оваа здравствена установа регистрира поголем број повици и интервенции кај ранливите категории граѓани, меѓу кои повозрасната група и хронично болните.

Read More

(ВИДЕО) Слаб интерес за вакцинација во Липково

(ВИДЕО) Слаб интерес за вакцинација во Липково

Слаб е интересот за вакцинација против ковид 19 во Липково, информираат од Здравствениот дом од оваа општина. Интерес велат има само кај повозрасните граѓани за третата доза. Од почетокот на годината имунизирани се 166 лица, додека од отворањето на пунктот вакцина примиле 1841 пациенти.

Read More

Осуммина новозаболени од ковид 19 во Куманово

Осуммина новозаболени од ковид 19 во Куманово

Осуммина новозаболени  од ковид 19 се регистрирани изминатото деноноќие во Куманово, информира  Министерството за здравство.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.275 тестови, а регистрирани се 281 нов случај на КОВИД-19: Од нив, од Скопје се  169, Битола – 24, Кавадарци – 13, Прилеп – 11, Куманово и Охрид – по 8, Кичево – 6, Струмица и Гевгелија – по 5, Тетово – 4, Велес, Гостивар, Кочани, Ресен…

Read More
1 133 134 135 136 137 381