Во црквата „Света Тројца“ или попозната помеѓу народот како „Нова црква“ утревечер во 22 часот ќе се одржи бдение.
Од кумановско-осоговската епархија инфомираа дека целодневната богослужба е замислено да заврши со литургија, на која што ќе служи владика на Кумановско-осоговската епархија, митрополит Јосиф.
Отецот Игор Здравковски ги повика верниците кои што ги одбележуваат велигденските пости, но и оние кои што не постат да се приклучат на свечената литургија.
Инаку ова бдение се одржува секоја година, пред претстојниот христијански…
Author: Елена Георгиевска
СДСМ: Акцијата врз превозниците е партиска
Општинската организација на СДСМ смета дека акцијата која што утрово е извршена врз дел од превозниците е партиска. Според нив, СВР Куманово покажа сила и моќ и полицајците запиралe селективни автобуси, кои подоцна ги упатиле на технички преглед.
-Контрола на превозниците кои вршат јавен превоз и превоз на ученици, резултираше со исполнување на целта за која и се вршеше конотрлата. Казнети се со огромни казни за наводни технички неисправни автобуси. И тоа за некоја сијаличка за…
Над 40 автобуси на вонреден технички преглед
Повеќе од 40 автобуси на четири компании од градов, утрово во шест часот, се испратени на вонреден технички преглед .
Автобусите биле запрени од неколку пункта во градот, а поради акцијата во колапс се градскиот и меѓуградскиот сообраќај.
-Од нашата компанија се исклучени 14 автобуси. Речиси на сите се најдени ситни технички недостатоци и изречена им е казна од по 2200 евра. И другпат имало вакви контроли, но првпат од волку голем обем. Не ми се познати…
Ученици ги одбележаа Деновите на франкофонија
Со специјалитети од француската кујна, музички и спортски активности се одбележаа Деновите на франкофонија, во подрачното основно училиште „Браќа Миладиновци “ во село Пчиња.
Во рамки на манифестацијата се одржа и мала приредба на која учениците рецитираа песни на француски јазик, а пред влезот на училиштето беше поставен и продажен штанд, на кој можеше да се најдат рачни изработки.
-Јас веќе 30 години предавам француски јазик во ова училиште. Иако учениците учат и друг јазик тие се…
„Жените и фотографијата“ во „Трајко Прокопиев“
Во кумановскиот центар за култура, „Трајко Прокопиев“ , Фото клуб Куманово, во петок, организираше меѓуклубска изложба насловена „Жените и фотографијата“ на која жените од сите фото клубови низ Македонија имаа изложени свои дела. На изложбата имаше над 40 фотографии на 20 авторки од најразлична возраст и како што истакнаа организаторите, оваа изложба ја докажува сериозноста и успешноста на Фото клуб Куманово.
Селекторот на фотографиите, Стефан Петровски изјави дека тие се одберени според нивната можност да раскажат одредена…
СДСМ преку активности ќе ги пренесува „бомбите“
Членови на СДСМ од Куманово викендов започнаа активности со цел да ги запознаат граѓаните, за како што тврдат масовно и незаконско прислушкување. Имено тие планираат да посетат повеќе од 15.000 домаќинства на територија на Општина Куманово и на граѓаните да им достават флаери со дел од разговорите.
-Вистината за Македонија која претставува презентација и разобличување на грдото лице на режимот и целата тајфа која ужива во своето однесување, ќе биде уште поблиска до Кумановци-изјави претседателот на…
Доделени награди за најдобар спортист
Најдобрите кумановски спортисти, од Сојузот на спортови на Куманово добија признанија за своите достигнувања. На свеченото доделување на награди беа присутни врвни спортисти од општината. Претседателот на општинскиот сојуз на спортови, Сашо Петрушевски истакна дека спортската култура во Куманово полека се развива и дека со ваквата манифестација ќе се поттикнат младите луѓе да се занимаваат со спортски активности.
-Спортот во Куманово е во подем, меѓутоа, јас би ги потенцирал и сите други спортови кои во минатите…
„Отворени денови“ во Управата за имотно-правни работи
Постапката за приватизација на земјиштето, легализација на објектите, прашања поврзани со катастарските услуги, па дури и судски прашања е она што ги интересираше граѓаните на Отворените денови во подрачното одделение на Управата за имотно-правни работи. Стручни тимови од Скопје, но и вработените во управата им помагаа на кумановци да ги решат дилемите во врска со имотно-правните работи.
-Одделението во Куманово во изминатиот период активно работеше и ефикасно се справи со поголем број на постапки кои што…
Како да се препознаат корисниците на дрога?
16 годишно момче е најмладиот регистриран нарко -зависник во полицијата минатата година. Дека уличните дроги земаат замав говорат податоците од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје кој заедно со Отсекот за превенција презема превентивни мерки преку низа активности. Во рамките на проектот „Спорт да, дрога не “ деновиве се организираат трибини во средните и основните училишта и на наставниците им се посочува како да препознаат уживател на опојна дрога и како да постапат…
Read More