Активни случаи на коронавирус во земјава околу 8.000

Активни случаи на коронавирус во земјава околу 8.000

Активни случаи на коронавирус во земјава има 7859, меѓу кои се и новодијагностицираните 156 во вчерашната статистика. Речиси половина од вкупниот број активни, односно 3691, се во Скопје. Трицифрени бројки има во 13 општини, а две од нив имаат над 400: Битола – 484 и Куманово – 406.
Министерството за здравство соопшти дека опфатот со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози се опфатени 46 отсто од граѓаните над 18…

Read More

Димитриевски по средбата со противкандидатите: Ќе инкорпорираме една заедничка програма

Димитриевски по средбата со противкандидатите: Ќе инкорпорираме една заедничка програма

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска оствари средба со сите кандидати за градоначалници за Куманово, Оливер Илиевски од СДСМ, Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ, Теодора Димитровска од ЛДП и ДОМ, и со Беким Салиу од АА/А за да дискутираат за подобрувањето на општината, но и за подобар квалитет на живот на сите кумановци.
„Оваа средба ја реализиравме со цел суштинските проекти од програмите на сите кандидати да ги инкорпорираме во една заедничка програма и заедно во…

Read More

Средношколски баскет турнир во ОСТУ „Наце Буѓони”

Средношколски баскет турнир во ОСТУ „Наце Буѓони”

Се одржа уште еден спортски настан во рамките на програмата за одбележување на 11 Ноември-Денот на ослободување на Куманово „Ноемвриски денови 2021”.
Ученици од општинските средни училишта учествуваа на средношколски баскет турнир 3×3, во машка и женска конкуренција, кој се одржа на спортското игралиште на ОСТУ „Наце Буѓони”- Куманово.
Настанот го организираше Општинскиот сојуз на спортови и Сојуз на училишен спорт.
Присуствуваа претставници од Сектор за образование и Сектор за култура и спорт при Општина Куманово.

Read More

Поевтинуваат горивата за половина денар

Поевтинуваат горивата за половина денар

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а екстра лесното масло за домаќинствата за денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 76,5 денари за литар, а 78,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава за 67,50 денари, а новата цена на екстра лесното масло за домаќинствата е 66,5 денари. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,690 денари и килограм…

Read More

Средношколци ќе даруваат крв

Средношколци ќе даруваат крв

Општинската организација на Црвен крст Куманово организира крводарителска акција за учениците од средните училишта „Наце Буѓони”, „Перо Наков” и „Киро Бурназ”. Акцијата ќе се одржи утре во Центар за култура од 9 до 15 часот.
-Ги охрабруваме сите ученици кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот-се вели во соопштението.

Read More

ВИДЕО: Промоција на видео запис од Вториот фолкорен фестивал

ВИДЕО: Промоција на видео запис од Вториот фолкорен фестивал

Во салата на МКЦ Козјак утревечер со почеток во 19 и 30 часот ќе се одржи промоција на видео запис од Вториот меѓународен фолклорен фестивал, кој го организираше КУД „Панче Пешев“. Промоцијата е по повод 11-ти ноември, Денот на ослободување на Куманово, а под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово и Министерството за култура. И во време на пандемија друштвото организираше фестивал на кој настапија девет ансамбли, од кои по еден од Србија,…

Read More

Активни над 8 илјади случаи на КОВИД-19

Активни над 8 илјади случаи на КОВИД-19

Уште е троцифрен бројот на новозаболени од Ковид-19 во државата, откако вчера беа регистрирани нови 454 заразени. Со ова, во моментов, активни се над 8 илјади случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 1.407.769 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.077. Оздравени се 190.806 пациенти, а починале 7.232 лица. Бројот на активни случаи е 8.039.
Согласно последниот извештај на Министерството за здравство, најмногу новозаболени има во Скопје, потоа…

Read More

Проекти за подобар квалитет на водоснабдувањето

Проекти за подобар квалитет на водоснабдувањето

Јавното претпријатие Водовод – Куманово, во соработка со Општина Куманово реализираше неколку стратешки проекти за подобрување на квалитетот и квантитетот на водоснабдувањето на граѓаните на Куманово.
Со проектот Пумпна станица се подобрува квалитетот на работата на целата фабрика за производство на вода, а, пред сѐ, е значаен за непречено функционирање на нова современа баждарница за водомери која е поставена во реконструирани постоечки простории на старата фабрика за преработка на вода. Со ова решение се обезбедува континуирано…

Read More

Горело стрниште во Пелинце

Горело стрниште во Пелинце

Територијална противпожарна единица Старо Нагоричане бележи интервенција во село Пелинце. Пожарникарите интервенирале на запалено  стрниште  и сува  трева  во  периодот  од 16,30 до 16,00ч. Во гаснењето учествувале двајца пожарникари со едно возило.

Read More

128 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

128 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Во текот на вчерашниот ден (07.11.2021) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 128 возила. Од нив, 23 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Засилените…

Read More
1 185 186 187 188 189 381