Димитриевски: Се прават анализи за бесплатен јавен градски превоз

Димитриевски: Се прават анализи за бесплатен јавен градски превоз

По бесплатен автобуски превоз на пензионерите општината размислува ваквата поволност да ја користат и студентите, но и сите граѓани во период на енергетска криза, информираше на една националната телевизија, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
-Правиме една анализа и се обидуваме да дојдеме до една калкулација во зависност од можностите на буџетот, бидејќи не можете да ги извадите сите пари од буџетот, да ги скратите капиталните инвестиции и инфраструктурата, а да субвенционирате превоз. Доколку успееме да се…

Read More

Кумановец приведен, осоменичен за кражби

Кумановец приведен, осоменичен за кражби

Дваесетгодишно лице е лишено од слобода, бидејќи се сомничи дека одзел повеќе  предмети од објект во изградба на улицата „Питу Гули“ и во продажен објект на булеварот „Октомвриска Револуција“, информира полицијата.  Д.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Read More

ВИДЕО: Почна грејната сезона, а со неа и аерозагадувањето?!

ВИДЕО: Почна грејната сезона, а со неа и аерозагадувањето?!

Грејната сезона традиционално носи и проблеми со воздухот. Мерните станици деновиве повторно покажуваат високо ниво на штетните честички. Од инспекцијата велат неопходно е системско решение.

Read More

ВИДЕО: Три медали за кумановски БЏЏ „Предатор“ од Софија

ВИДЕО: Три медали за кумановски БЏЏ „Предатор“ од Софија

Со еден златен и два бронзени медали се вратија натпреварувачите на кумановскиот клуб бразилска џиу-џица Предатор, од меѓународно натпреварување, кое се одржа во Софија.
Иван Димитриевски во борбите со и без кимоно под 68 килограми, освои два медали, еден златен и еден бронзен. За телевизија Плус раскажа дека е задоволен од резултатите, иако конкуренцијата била голема.
Од меѓународното натпреварување со бронзен медал се врати Звездан Илиќ во категоријата под 92 килограми. Свој настап имаше и Матеј Кузмановски,…

Read More

Приведено лице, пронајдена сомнителна материја

Приведено лице, пронајдена сомнителна материја

Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода П.К. (26 години) од Валандово. При преглед во неговото патничко возило биле пронајдени и одземени прашкаста и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информира полицијата.

Read More

Од полноќ поевтинуваат бензините

Од полноќ поевтинуваат бензините

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за два денари по литар, соопшти Регулатарона комисија за енергетика.
Така ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава по 88,5 денари по литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 86,5 денари по литар.
ЕУРОДИЗЕЛ останува со иста цена 90 денари по литар. Останува иста цената и на екстра лесното масло за домаќинство 85,5 денари по литар, и мазутот 43 денари по литар.

Read More

ВИДЕО: Советувалиште за жени и деца жртви на насилство

ВИДЕО: Советувалиште за жени и деца жртви на насилство

Куманово од неодамна доби советувалиште за помош и поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство. Советувалиштето е во рамки на проектот „Комфор зона за жени“ на хуманитарното Здружение „Мајка“ во партнерство со Национален ромски центар, а се спроведува во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан, РеЛОад2, која е финансирана од Европската унија, а ја спроведува УНДП.  Проектот е финансиски поддржан и од Општина Куманово.
Во советувалиштето корисничките добиваат совети за…

Read More

Дисеминациски работилници на Црвен крст

Дисеминациски работилници на Црвен крст

Општинската организација на Црвен крст Куманово минатата седмица одржа седум дисеминациски работилници од кои по две во основните училишта „Наим Фрашери”, „Јероним Де Рада’’ село Черкези, „Рилиндја‘‘ село Лојане и една во основно училиште „ Христијан Карпош” Куманово.
На работилниците присуствуваа вкупно 157 ученици и истите имаа можност да се запознаат со мисијата и принципите на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, амблемот, како и за работата на Општинската организација Куманово и активностите на…

Read More

Нови садници на улицата „Братство и Единство“

Нови садници на улицата „Братство и Единство“

Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово садат нов дрворед покрај улицата „Братство и Единство“ во Куманово, соопштија денеска надлежните од претпријатието. Во моментов на локацијата се сади јасен.
Изминатиов период екипите од „Чистата и Зеленило“ насадија зимзелени садници кои претставуваат звучна изолација и го штитат воздухот од издувните гасови од автопатот Куманово-Табановце кај зградите кај поранешен Монопол. Од претпријатието повикаа граѓаните совесно да се однесуваат, потсетувајќи дека дел од садниците на дрворедите и кај градскиот…

Read More

ВИДЕО: Пуштен во употреба патот Ропаљце-Матејче

ВИДЕО: Пуштен во употреба патот Ропаљце-Матејче

Во присуство на високи владини функционери се пушти во употреба реконструираната делница Ропаљце и Матејче од државниот пат во општина Липково. Делницата во должина од скоро три километри ги поврзува двете населени места, обезбедувајќи безбедно движење за возачите.

Read More
1 73 74 75 76 77 381