ВМРО ДПМНЕ се подготвува за партискиот конгрес

ВМРО ДПМНЕ се подготвува за партискиот конгрес

На втори и трети мај во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи 15 партиски конгрес на ВМРО ДПМНЕ. На истиот ќе присуствуваат 560 делегати, кои што се избрани по различни основи.  Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, Драган Петковски вели дека подготовките се при крај и дека го радува фактот што конгресот ќе се одржи во нашиот град.
-Ова за нас значи многу бидејќи партијата постои повеќе години. Ова е 15-ти конгрес на…

Read More

Пожари во Стрима и Доброшане

Пожари во Стрима и Доброшане

Со затоплување на времето почнаа и првите пожари во кумановско. Во тек на изминативе два дена противпожарната единица Куманово регистирала два пожари, од кои едниот е во липковското село Стрима, а вториот во Доброшане.
Пожарот во Стрима кој избувнал во недела попладне, траел до раните утрински часови во понеделник. Во истиот била зафатена дабова и букова шума и трева во површина од пет хектари.
Во гасењето учествувало јавното претпријатие Шумско Стопанство-Куманово со пет вработени  и две теренски  возила….

Read More

Утре ќе се одржи 36-та седница на Советот

Утре ќе се одржи 36-та седница на Советот

Во кружната сала на зградата на поранешни општествено-политички организации утре со почеток во 10 часот ќе се одржи триесет и шестата седница на Советот на Општина Куманово.
На седницата ќе се најдат 61 точки, а советниците ќе расправаат за збирниот извештај за настанатите штети и проценетите последици од поплавата во март, како и за финансиските извештаи за годишно работење на јавните претпријатија  Водовод , Чистота и зеленило, Пазаришта и Куманово гас.
На дневен ред се годишната програма…

Read More

Средношколци од Куманово заминаа на протест во Скопје

Средношколци од Куманово заминаа на протест во Скопје

Околу 350 средношколци од Куманово утрово со седум автобуси заминаа во Скопје, да го подржат протестот поради новите реформи во образовниот систем. Тие ќе протестираат пред Владата и Министерството за образование и наука, се додека надлежните не ги слушнат нивните барања.
-Веќе имаме протестирано во Скопје, упатуваме апел до учениците од другите градови да доаѓаат и собирите да бидат помасовни. Има најава дека голем број наставници од Скопје ќе учествуваат на маршот, од Куманово ќе одат…

Read More

Се одржа концерт на млади музички уметници

Се одржа концерт на млади музички уметници

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа во 19 часот, се одржа концерт на млади музички уметници. На концертот кој што е дел од проектот „Приближување на класичната музика до младите“, со оперски арии настапија студенти од Факултетот за музичка уметност, како и две гостинки од Куманово.
Присутните со силен аплауз ги поздравија младите уметници, за кои што сметаат дека во иднина ќе бидат гордост за држава. Но тие истакнаа дека на градот му недостасуваат повеќе вакви…

Read More

Се одржа работилница на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот

Се одржа работилница на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот

Во кружната сала во Комитет денеска се одржа 3-тата работилница за стратешко планирање, која што е дел од проектот за воведување и имплементација на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Куманово, Старо Нагоричане и Липково. Работилницата е од стратешко значење за креирање на идната стратегија на локалните акциони групи, од проектот кој што го финансира УСАИД за експанзија на мали и средни бизниси.
Проектниот координатор на Североисточен плански регион информираше дека целта на оваа работилница е да ги завршат…

Read More

Работилница за носии во Старо Нагоричане

Работилница за носии во Старо Нагоричане

Во просториите на тренинг центарот Млади за млади во Општина Старо Нагоричане синоќа беше пуштена во употреба работилница за шиење на носии и изработка на сувенири. Работилницата е дел од проектот Унапредување на човекови права и заштита на малцинства во Југоисточна Европа.
Целта на проектот е да се пренесе српската култура, односно фолклорот, музиката, јазикот, традицијата. Како што е предвидено во проектот, работилницата ќе се користи за производство на носии за потребите на членовите на Културно…

Read More

Повеќе од 500 лица се без социјална помош

Повеќе од 500 лица се без социјална помош

Повеќе од 500 лица од Куманово останаа без социјална помош, откако со измените на Законот за банки, Министерството за труд и социјална политика има пристап во банкарските сметки на граѓаните. Од Националниот ромски центар сметаат дека постојат низа пропусти и дека поради тоа на граѓаните веќе три месеци им е ускратено правото на социјална помош. Тие велат дека бројот не е занемарувачки и дека под итно треба да се најде решение, бидејќи на повеќето лица…

Read More

Степ аеробик интересен за кумановки

Степ аеробик интересен за кумановки

Кумановки се повеќе водат сметка за здравиот живот и се почесто одвојуваат дел од своето слободно време за спортување. Еден од поинтерeсните начини да се дојде до саканата форма и физички изглед е вежбање на подлога или степ аеробик. Жените што го практикуваат овој спорт, велат дека му даваат предност затоа што се изведува во група, со динамична музика и различна кореографија. Ивана Бојковска е инструкторката по степ аеробик, која седум години професионално се занимава со…

Read More

Жители со децении чекаат асфалт

Жители со децении чекаат асфалт

Стотина жители на улиците „Анѓа Ранковиќ“, „6-ти април“ и  „30-ти јули“, кои се наоѓаат во населбата Перо Чичо, во близина на Старата кланица  со децении се без асфалт.  Иако се наоѓаат на само  500 метри од центарот на градот, револтираните граѓани раскажуваат дека поради дупките секојдневно ги кршат своите возила, а кога ќе заврне газат кал до колена.  Жителите велат дека иако редовно ги плаќаат сите комунални давачки кон општината, до сега не наишле на…

Read More
1 74 75 76 77 78 79