Повреден мигрант во Речица

Повреден мигрант во Речица

Во кумановската полиција било пријавено дека на железничка станица во село Речица има повреден мигрант. По извршениот разговор со него  било утврдено дека се работи за Ф.А.Д. (52 години) од Република Сирија, кој пријавил дека бил физички нападнат од група Пакистанци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Read More

Се уредува поранешен хотел Солун

Се уредува поранешен хотел Солун

Почна партерното уредување на поранешен Хотел Солун, објект во централното градско подрачје во Куманово. -Се поставува бекатон на површината околу овој карактеристичен објект. Ќе се запази автентичноста. На терен работи скопската „Билд Инг“ која е избрана за поставување на бекатон на источната страна од Куманово. Реконструкцијата на објектот на поранешен хотел Солун во Куманово, заврши во август 2021 Објектот го задржа автентичниот изглед, во приземјето има повеќенаменски простор за презентации, трибини и инфо-центар, а во…

Read More

Се уредуваат тротоарите кај градски стадион

Се уредуваат тротоарите кај градски стадион

Почна уредувањето на тротоари кај градскиот стадион. На оваа локација ќе биде поставен бекатон на површина помала од 1.000 метри квадратни.
Уредувањето со бекатон на локацијата покрај која се сместени детска градинка, расадник на „Чистота и Зеленило“, објект кој го користи дел од општинската администрација и подрачно одделение на МОН е дел од проектот реконструкција на улицата „Братство и единство“. Неодамна заврши реконструкцијата на улицата од кај старата градска џамија од влезот на улицата „11 Октомври“,…

Read More

ВИДЕО: Седум физички пресметки меѓу малолетници

ВИДЕО: Седум физички пресметки меѓу малолетници

На подрачјето на Куманово од почетокот на годината се регистрирани седум физички пресметки меѓу малолетници. Полицијата работи на расчистување на овие случаи. Експертите со совети во справувањето со овој проблем најзначајна улога треба да има семејството, но потоа и образованието.

Read More

Заврши реконструкцијата на делница Ропаљце и Матејче

Заврши реконструкцијата на делница Ропаљце и Матејче

Заврши реконструкцијата на делницата Ропаљце и Матејче од државниот пат во општина Липково, соопштија денеска од јавното претпријатие за државни патишта. Делницата во должина од скоро три километри ги поврзува двете населени места, обезбедувајќи безбедно движење за возачите.
-Завршена реконструкцијата на државниот пат делница Ропаљце – Матејче во должина од 2,79 километри. Ширината на патот е променлива и се движи од 5,5 метри до 5,9 метри. Вредноста на проектот е 113.332.415 денари, соопшти ЈПДП. Изведувач на…

Read More

ВИДЕО: Меѓународна изложба „Без дистанца” во Центарот за култура

ВИДЕО: Меѓународна изложба „Без дистанца” во Центарот за култура

Меѓународна изложба на уметнички дела со наслов ,,Без дистанца” на македонски и бугарски академски ликовни уметници, ќе се отвори утревечер во Центарот за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово. На изложбата ќе бидат изложени 40 дела, а ќе учествуваат 10 македонски и 10 бугарски академски ликовни уметници. Оваа изложба е заеднички проект на националната установа Центар за култура ,„Трајко Прокопиев” – Куманово и Уметничката Галерија – Русе од Република Бугарија. Изложбата веќе беше презентирана пред јавноста…

Read More

Србин баран од Интерпол приведен на Табановце

Србин баран од Интерпол приведен на Табановце

Триесет и петгодишен државјанин на Србија баран од Интерпол вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце.
Вчера во 18.15 часот на граничниот премин Табановце, од слобода бил лишен М.Г.(35 години) од Република Србија, затоа што при извршената проверка било констатирано дека бил на стоп листа на Интерпол, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Read More

Значително намалување на цените на горивата од полноќ

Значително намалување на цените на горивата од полноќ

Цените на горивата се намалуваат вечерва од полноќ, соопшти Регулаторна комисија за енергетика.
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за два денари и ќе изнесува 91,5 денари по литар, Цената на ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава поевтино за два денари, и според новата цена ќе изнесува 94 денари.
Дизел горивото се намалува за три денари, и според новата цена ќе се продава по 93 денари по литар.
Се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство за…

Read More

Промоција на збирка „Куманово низ мозаик од зборови”

Промоција на збирка „Куманово низ мозаик од зборови”

Во организација на кумановската библиотека Тане Георгиевски се одржа промоција на поетската збирка „Куманово низ мозаик од зборови”, во салата на Занаетчиски Дом.
Низ хумористични и лирски песни собрани во оваа збирка, се отсликува животот на кумановци, нивниот темперамент и карактерни особини својствени за оваа поднебје. Целиот приказ го надополнува изразувањето на кумановски дијалект.
Во создавање на оваа уникатно поетско дело учествувале членови од неколку литературни друштва од нашиот град, меѓу кои Друштвото на писатели, здружението на…

Read More
1 75 76 77 78 79 381