Расчистено насилството, насилниците лишени од слобода

Расчистено насилството, насилниците лишени од слобода

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово лишиле од слобода  девет лица на возраст од 18 до 23 години, сите од Куманово и кумановско, а на службен разговор биле повикани и тројца малолетници од Куманово. Тие се сомничат дека завчера на улицата „Карл Маркс“ во Куманово со тврди предмети му го оштетиле возилото на Б.Ш.(20 година) од Куманово, по што тој во обид да избега предизвикал  сообраќајна незгода удирајќи во паркирано возило. По целосно…

Read More

ВИДЕО: Промовиран „Меѓународниот зборник кумановска Симбиоза 22“

ВИДЕО: Промовиран „Меѓународниот зборник кумановска Симбиоза 22“

Во Центарот за култура се одржа промоција на „Меѓународниот зборник кумановска Симбиоза 22“, на клубот на книжевни творци Симбиоза. На настанот кој е и по повод 11-ти Номеври, Денот на градот учествуваат поети и членови на клубот, ученици. Организаторите дадоа извештај за организацијата и координацијата при доделувањето на наградите од меѓународниот фестивал.

Read More

Ѓорѓиевска на регионален форум организиран од УНФПА

Ѓорѓиевска на регионален форум организиран од УНФПА

Претседателката на Советот на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска заедно со службеникот за млади Мартин Крстиќ учествуваа на регионалниот форум „Градиме градови за младите во свет на 8 милијарди луѓе“ во Сараево, Босна и Херцеговина каде присуствуваа 120 градоначалници, претставници на општини, службеници за млади од локалната самоуправа и експерти од 47 градови во 13 држави, по повод одбележување  на 15-ти Ноември  – Денот кога Планетата станува дом на осум милијарди луѓе.
Регионалниот форум е во организација…

Read More

„Чистота и Зеленило“ и мештани пошумуваат во Долно Којнаре

„Чистота и Зеленило“ и мештани пошумуваат во Долно Којнаре

Вработени во јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ заедно со месно население започнаа акција за масовно пошумување во Долно Којнаре.
Како што информираат надлежните од претпријатието годинава е планирано да бидат насадени над 1000 садници. На оваа локација ќе продолжи пошумувањето и наредната година.
Акциите се дел од програмата за долгорочно справување со аерозагадувањето и чист воздух.
Надлежните се надеваат дека ова место кое пред една година беше дива депонија, ќе прерасне во борова шума.

Read More

ВИДЕО: „Зафир Сајто“ ја одбележува Недела за грижа на стари лица

ВИДЕО: „Зафир Сајто“ ја одбележува Недела за грижа на стари лица

Под мотото „Сите сме нивни деца“ домот за стари Зафир Сајто од Куманово, со низа активности ја одбележува Неделата на грижа за стари лица. Целта е поголема интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот. Се одржаа работилници на кои се подготвуваа традиционални слатки, кои ги изработуваа корисниците и вработените, како и работилница ,,Магијата на есента и есенските бои”.
-Следните денови ќе имаме посета од Црвен Крст каде ќе се зборува за дијабет, ќе…

Read More

Повторно уништен семафорот на „Октомвриска револуција“

Повторно уништен семафорот на „Октомвриска револуција“

Повторно е оштетен еден од семафорите на булеварот Октомвриска револуција, на крстосницата со улицата Пионерска. Семафорот работи, но е значајно оштетен. Не е позната причината за оштетувањето.
– Општината навремено е известена и испративме екипи кои работат на поставување на семафорот, за да не се создава метеж на овој фреквентен булевар, изјави раководителката на секторот за комунални дејности, Лидија Ланг Спасовска.
Од кумановската полиција потврдуваат дека немало пријава за сообраќајна незгода ниту пак за насилно оштетување. Кумановци…

Read More

Продолжува програмата за Ноемвриските денови

Продолжува програмата за Ноемвриските денови

Продолжуваат активностите во рамки на програмата за Ноемвриските денови. Во националната установа Музеј Куманово ќе се одржи проекција на етнолошкиот документарен филм Патот на надежта и Ерделезе. Во 19 часот во Занатчискиот дом пензионерите при Здружението на пензионери Куманово организираат настан Пензионерите за својот град.

Read More

Паскал останува најдобар голман и во третото коло во Израел

Паскал останува најдобар голман  и во третото коло во Израел

И во третото коло од првата израелска лига, Бисера Паскал од Куманово, според статистиката е најдобар голман. Паскал сезонава игра за клубот Херзлиуа. Според бројот на одбрани, ефикасноста и минутажата на терен, го повтори успехот од првото коло. Тимот на Паскал во неизвесниот натпревар загуби со еден разлика(29:30) од Хапоел Ришон. Двете екипи се фаворити за освојување на титулата.

Read More

Терел Ален- нов кошаркар на КК Куманово

Терел Ален- нов кошаркар на КК Куманово

Терел Ален е нов кошаркар во КК Куманово. Од клубот информираат дека американецот, кој игра на позицијата бек, е висок 190 санитиметри.
Неговиот последен официјален настап бил во мај лани, за тимот на Фајнал Спор Бурса, во рамките на втората турска лига. Во просек имал 14.6 поени, 4.8 асистенции и 3.3 скокови.
Под знак прашалник е неговиот настап за викенд против екипата на МЗТ Скопје, но останува да видиме какви се способностите на нашите челници и дали…

Read More

Турнир во мал фудбал помеѓу институции за „Денот на градот”

Турнир во мал фудбал помеѓу институции за „Денот на градот”

Се оддржа традиционалниот турнир во мал фудбал помеѓу институции „Денот на градот” , по повод 11-ти Ноември.
На турнирот настапија екипи од Општина Куманово, СВР Куманово, Општински сојуз на Училишен спорт на Куманово и ЈП Водовод – Куманово.
Целта на турнирот е подигање на спортскиот дух и подобрување на соработката помеѓу институциите во Општина Куманово.
 

Read More
1 76 77 78 79 80 381