Кумановка претепана од тројца малолетници

Кумановка претепана од тројца малолетници

Триесет и осумгодишна кумановка била физички нападната од тројца кумановци на градскиот плоштад во Куманово.
Во полициска станица Куманово А.Ј.(38 години) пријавила дека на плоштадот била физички нападната од тројца малолетници кои ги познавала, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Read More

Од утре задолжително поседување на зимска опрема

Од утре задолжително поседување на зимска опрема

Возачите од утре треба да поседуваат зимска опрема. Министерството за внатрешни работи информира дека од 15-ти ноември до 15-ти март граѓаните треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата.
Се аплера да се придржуваат кон Законот.
 

Read More

Нивото на Пчиња далеку под просекот

Нивото на Пчиња далеку под просекот

Нивото на реката Пчиња е далеку под просекот за овој период од годината покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи. Според мерењата направени утринава во 7:30 часот во атарот на селото Пелинце, водостојот на Пчиња изнесувал само 18 сантиметри. Тоа е далеку под просекот за овој период кој во изминатите години изнесувал 47 сантиметри. Истиот водостој се задржал во текот на целата измината недела.

Read More

Дизелот певтинува за 2,5, а бензините за половина денар

Дизелот певтинува за 2,5, а бензините за половина денар

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ од полноќ се намалува за 2,50 денари, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денари по литар. За 2,00 денара поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе биде 93,50, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 96,00 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава за 96,00 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за 91,00 денар за литар.
Малопродажната…

Read More

ВИДЕО: Диаверум со акција за Светскиот ден против дијабет

ВИДЕО: Диаверум со акција за Светскиот ден против дијабет

Центарот за дијализа Диаверум Куманово по повод 14-ти Ноември, Светскиот ден против дијабет организираше акција за мерење на шеќер и притисок за жителите во населбата „Гоце Делчев“.
Здравствените лица од Диаверум апелираа до кумановци навремено и редовно да вршат анализи, со цел рана превенција и намалување на можноста за оваа болест. По извршената анализа на граѓаните им биле дадени понатамошни совети.
Во акцијата учествуваа и ученици од медицинската струка од техничкото училиште „Наце Буѓони“.

Read More

Оливера Наковска Бикова, предводена од кумановецот Бранимир Јовановски, усвои нов златен медал на Светско првенство

Оливера Наковска Бикова, предводена од кумановецот Бранимир Јовановски, усвои нов златен медал на Светско првенство

Оливера Наковска Бикова, предводена од нејзиниот тренер, кумановецот Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиноски, го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион во дисциплината П4-Пиштол слободен избор.
Во квалификациите Оливера испука одличен резултат од 538 (најдобар во нејзината кариера) со што го освои второто место и си обезбеди пласман во финале, иако почетокот на мечот не го наговестуваше тоа. По неколку правовремени совети од тренерот, а пред се…

Read More

Гимназијалци даруваа крв

Гимназијалци даруваа крв

Општинската организација на Црвен крст Куманово во соработка со Институтот за Трансфузиона Медицина организираше крводарителска акција во средното училиште гимназија ,,Гоце Делчев‘‘ Куманово.
Акцијата беше успешно реализирана, а учениците својата хуманост ја покажаа со дарување на 37 крвни единици, се вели во соопштението.

Read More

60 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 21 упатени на вонреден технички преглед

60 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 21 упатени на вонреден технички преглед

Во периодот од 12 до 16 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани е едно кривично дело за возење без лиценца по член 284 – а од Кривичен законик и 60 сообраќајни прекршоци. Од нив четири за возење без возачка дозвола, а 21 возило е…

Read More

ВИДЕО: „Саем на мед“ за Денот на градот

ВИДЕО: „Саем на мед“ за Денот на градот

Пчелари од земјава и соседството денеска на градскиот плоштад ги изложија своите производи, во рамки на Саемот на мед, којшто го организира Здружението Пчела Куманово, по повод 11-ти Ноември, Денот на ослободување на градот. Пчеларите се надеваат на успешен саем. Посочија дека цената на мед останува иста и нема да се зголеми и покрај економската криза и поскапувањата. Манифестацијата ќе трае и утре до 18 часот. Од Здружението Пчела најавуваат уште активности до крајот на…

Read More

Аплицирањето за стипендии за средношколци завршува в недела

Аплицирањето за стипендии за средношколци завршува в недела

Рокот по конкурсите на Министерството за образование и наука за стипендии за ученици во средно образование во учебната 2022/2023 година истекува в недела. Девет видови стипендии се со месечен износ од 3.500 денари и корисниците ќе ги добиваат за време на учебната година. Стипендиите за ученици Роми се распределени во четири категории со месечни износи од 800 до 2.200 денари.
Илјада и петстотини стипендии се за ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование…

Read More
1 77 78 79 80 81 381