Продолжува акцијата „Здравје за сите“ на Здравствен дом

Продолжува акцијата „Здравје за сите“ на Здравствен дом

Жителите на Режановце имаа можност бесплатно превентивно да се прегледаат во рамки на акцијата „Здравје за сите“ која ја спроведе екипата на Здравствен дом во селото. Тие ги направија превентивните проверки, кои опфаќаа мерење крвен притисок, шеќер и холестерол во крвта, а во меѓувреме добија и совети од лекарите за понатамошно лекување. -Има интерес за акцијата. Дел од граѓаните веќе имаат хронична терапија, им дадовме совети како да ја пијат терапијата, совети во однос на…

Read More

Ново поскапување на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98

Ново поскапување на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за два денара од ноќеска на полноќ и литар ќе чини 90 денари. Не се менуваат малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ, Екстра лесното масло за домаќинство и на Мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енерегетика и водни услуги.
Литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе чини 92,5 денари, 100 денари ЕУРОДИЗЕЛ , а 97 денари Екстра лесното.
Комсијата одлучи да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во…

Read More

Претседателот на Занаетчиската комора, Агрон Фазлији гостин во емисијата „СТАВ“

Претседателот на Занаетчиската комора, Агрон Фазлији гостин во емисијата „СТАВ“

Претседателот на Занаетчиската комора, Агрон Фазлији гостува во емисијата „СТАВ“ на ТВ Плус.
Тој ќе зборува за актуелната состојба со занаетчиите, последиците од енергетската криза, проблемите со коишто се соочува оваа гранка, но и идните планови.
Ќе се осврне и на издејствуваното субвенционирање на старите занаети кои започна од Куманово, но и на барањата коишто постојано ги укажува комората.
Гледајте „СТАВ“ на ТВ Плус во 20 часот.
 

Read More

Наскоро одлука за поддршка на училиштата и претпријатијата

Наскоро одлука за поддршка на училиштата и претпријатијата

До крајот на неделата Владата ќе донесе одлука за поддршка на основните и средните училишта, како и на јавните комунални претпријатија во снабдувањето со струја.
Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, поддршката ќе се реализира преку ЕСМ продажба. Целта на поддршката на комуналните претпријатија, повтори Бектеши, е да нема поскапување на водата за пиење.

Read More

ВИДЕО: По две години Куманово ќе се украсува новогодишно

ВИДЕО: По две години Куманово ќе се украсува новогодишно

По две години Куманово ќе се украсува новогодишно. За оваа намена ќе се одвојат 3 милиони денари. Но овој пат градот ќе се украсува со сопствени новогодишни украси, кои согласно плановите ќе можат да се  користат и наредните години.
За оваа цел советниците на последната седница изгласаа измена на програмата за работа на јавното претпријатие „Куманово Паркинг“, каде меѓудругото беше донесена одлука за зголемување на предвидената сума за 500.000 денари. Точката предизвика дебата бидејќи дел од…

Read More

Двајца новозаболени од ковид 19

Двајца новозаболени од ковид 19

Во последните 24 часа регистрирани се 68 нови случаи позитивни на КОВИД-19, информира Министерството за здравство. Од нив двајца од новозаболените се од Куманово. Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Скопје (83години), починато во болнички услови.  Бројот на активни случаи на ниво на земјава изнесува 265.

Read More

Куманово празнува со културни и спортски манифестации

Куманово празнува со културни и спортски манифестации

Со бројни културни и спортски манифестации ќе се одбележи Денот на градот. Одбележувањето започнува со настан за дигитализирање на археолошки содржини за локалитетот Градиште, село Младо Нагоричане и локалитет Црквиште, село Клечовце, потоа со проектот Едукација и за нас невидливите, проекција на документарниот филм Мека душа за тврдо железо, Денови на Балканска етно ризница, фолклорен концерт на КУД Бајрам Шабани, меѓународен позитивен турнир во пинг понг. Следуваат и двата концерти на 9-ти и 10-ти ноември…

Read More

55 години музичко творештво на Маргица Антевска

55 години музичко творештво на Маргица Антевска

Во Занаетчискиот дом концерт по повод 55 години музичко творештво синоќа одржа кумановската музичка ѕвезда, Маргица Антевска. Пред присутната публика беа интерпретирани стари македонски народни и забавни музички нумери и преработки на познати стихови. Антевска настапи придружувана од Марко Митковски на пиано, Бојан Трајчев- гитара, Никола Петковски- виолина и Милена Митковска-вокална придружба. Концертот се одржа под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Read More

Формиран општински совет за социјална заштита

Формиран општински совет за социјална заштита

Се одржа првата конститутивна седница на општинскиот совет за социјална заштита. Претставници на одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствената заштита, меѓуопштински центар за социјална работа, Центарот за вработување Куманово, Основното јавно обвинителство, Општинската организација на Црвен крст, СВР Куманово, ЈЗУ „Здравствен дом“, центар за рурален развој „Бујрум“-, Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“,ќе работат на утврдување на проблемите и потребите на ранливите категории граѓани и ќе подготват социјален план…

Read More

Показна вежба по прва помош

Показна вежба по прва помош

Општинската организација на Црвен крст Куманово во соработка со Секторот за внатрешни работи Куманово реализираше показна вежба за правилно укажување на прва помош.
Екипата по прва помош од Општинската организација Куманово изведе 3 вежби, санирање на отворена скршеница на подлактица, обилно крварење и убодна рана со страно тело во екстремитет. Притоа полицијата од возачите кои ги стопираше бараше да им укажат прва помош.
Возачите и случајните минувачи на овој начин имаа можност да се потсетат на часовите…

Read More
1 83 84 85 86 87 381