Апел за помош на 7 годишниот Александар

Апел за помош на 7 годишниот Александар

7 годишниот Александар Додевски од населбата „Иго Тричковиќ“  боледува од цироза на црниот дроб. Иако првите симптоми се појавуваат уште на шестмесечна возраст, ова хронично прогресивно заболување е дијагностицирано во јули минатата година и оттогаш започнуваат редовните контроли и терапии на клиниката за детски болести. При последната средба со лекарите на Нефрологија, Кардиологија и Гастрологија на мајката на Александар и е кажано дека болеста многу напредува и треба да се направи трансплантација на црниот дроб.
-Сега…

Read More

Две кумановки несебично им помагаат на бегалците

Две кумановки несебично им помагаат на бегалците

Голем број на кумановци, секојдневно им помагаат на бегалците од Сирија, кои пристигнуваат на железничката станица во Табановце. Меѓу најактивните се триесет и едногодишната Александра Давидовска и триесет и тригодишната Маре Бојковска, кои секодневно се сведоци на тажните животни приказни на бегалците кои поминуваат низ станицата. Активистките на  Табановце остануваат и по 18 часа дневно, а дома заминуваат само за да преспијат. Своите најблиски не ги виделе со денови, но сметаат дека сега приоритет е…

Read More

Кумановци си ги запоставуваат животите поради „Големиот брат“

Кумановци си ги запоставуваат животите поради „Големиот брат“

Зголемениот интерес за активно следење на реалните телевизиски програми како „Големиот брат“, „Фарма“ или „Парови“, произлегува од желбата на одредена група луѓе да го контролира или осудува однесувањето на нивни сограѓани, оценуваат експертите. Според социологот Зоран Петрушевски, станува збор за контролна функција која ја поседуваат луѓето и којашто претставува важен начин за опстанокот на општеството.
– Нормално дека живеејќи заедно со погледот сме упатени едни кон другите. Во сферата на воспитувањето, пак, родителите кога ги учат…

Read More

Сојузот на борци на граѓаните им го честита 8-ми септември

Сојузот на борци на граѓаните им го честита 8-ми септември

Сојузот на борци од Куманово, како и секоја година, така и оваа, на Денот на независноста на Република Македонија,  ќе им оддаде почит на паднатите борци во народно – ослободителната војна. Тие на граѓаните им го честитаа 8-ми септември и ги повикаа на утрешното свечено одбележување на спомен – Костурница.
– Ја користам оваа прилика да ги поканам сите почитувачи, сите борци, сите граѓани кои можат да дојдат утре на  Денот на независност на Република Македонија,…

Read More

Премиерот Никола Груевски во посета на Куманово

Премиерот Никола Груевски во посета на Куманово

Премиерот Никола Груевски, денеска, со богата агенда во Куманово и околината. Средба со жителите  на селото Романовце, увид во градежните активности за реконструкција на основното  училиште “Толи Зордумис”, посета на реконструираното училиште “Браќа Миладиновци”, средба со жителите на населбата Гоце Делчев, селото Пчиња, Младо Нагоричане и Старо Нагоричане се дел од активностите на премиерот Груевски.

Read More

Промоција на збирката есеи „Разумни сили“

Промоција на збирката есеи „Разумни сили“

Збирката есеи, под насловот „Разумни сили“ напишана од Македонскиот амбасадор во Виена, Ѓорѓи Филипов, синоќа беше промовирана во Куманово. Станува збор за претходно објавени лични ставови на авторот, споени во едно дело. Филипов истакна дека во есеите се прикажани негови видувања за љубовта, правдата и вистината.
– На прво место е љубовта како најсилна најголема сила со која е создаден светот, мудроста, добродетелта, правдата и вистината. Во книгата се објаснува зошто тие се така поместени и…

Read More

УМС на ВМРО-ДПМНЕ пресече црвена лента пред Чоробенско ќоше

УМС на ВМРО-ДПМНЕ пресече црвена лента пред Чоробенско ќоше

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМЕ, на саркастичен начин упати критика до локалната самоуправа. Имено, со пресечување на црвена лента пред Чоробенско ќоше – местото на коешто е предвидена изградба на административно – деловни објекти, иронично беше отворена општинската зграда. Според УМС, пародијата ќе го потсети градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, на неговите неисполнети предизборни ветувања.
-Ние го имаме најдобриот градоначалник на светот. Кога нешто ќе вети – ветено е, ама дали е исполнето? Тоа…

Read More

За еден ден – три интервенции на ТППЕ Куманово

За еден ден – три интервенции на ТППЕ Куманово

Во текот на вчерашниот ден, територијалната противпожарна единица од Куманово интервенирала на три пожари. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првата интервенција е регистрирана на улицата „Ленинова“ бр.30 по пријава за опожарено моторно возило – скутер. Во селото Табановце, пожарникарите интервенирале на запалена сува трева и дабова шума. Додека во селото Павлешенце, коешто се наоѓа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, територијалната единица од Куманово интервенирала со едно возило и…

Read More

Спортската сала скоро две недели е без струја

Спортската сала скоро две недели е без струја

Повеќе од десетина дена спортската сала во Куманово работи без струја. Тоа беше повод за денешната прес конференција на Општинскиот Сојуз на спортови, на која претседателот  Сашо Петрушевски, побара што поскоро да се отплати долгот кон ЕВН и да се реши проблемот со електрична енергија.
– На прагот е натпреварувачката сезона во Куманово и ако за десетина дена не се разреши овој проблем, спортот во Куманово, сите овие спортисти, а и сите млади луѓе во Куманово ќе…

Read More

Три дена не работат семафорите во Куманово

Три дена не работат семафорите во Куманово

Семафорите во  централното градско подрачје со денови не се во функција. Имено, светлосната сигнализација на две од најфреквентните улици, „Народна револуција“ и „Трета Македонска Ударна Бригада“, веќе три дена не го регулира сообраќајот. Тоа претставува проблем за возачите кои не можат да се приклучат од споредна на главна улица, а воедно ја загрозува и безбедноста на пешаците. Од денеска, официјално започна и учебната година, а граѓаните се прашуваат дали треба да се случи некоја несреќа…

Read More
1 2 3 7