Компаратив 54

Компаратив 54

Донација фестивала Куманово Мјузик Фестивал
Телевизор, компјутерску опрему и храну, донирали су организатори фестивала Куманово Мјузик Фестивал Дневном центру за особе ометене у развоју. Донација је намењена изградњи дела за сензор реинтеграцију, односно за сензор моторну собу за особе ометене у развоју. У соби, богатој квалитетним и модерним дидактичким материјалима радиће се на развоју њихових чула, односно, радиће се на њиховом бољем сналажењу и схватању простора.
-Са организаторима фестивала са Института за науку, уметност, културу и спорт и…

Read More

Во градинката „Развигорче“ одбележан Денот на здрава храна

Во градинката „Развигорче“ одбележан Денот на здрава храна

Светскиот ден на здрава храна беше одбележан во објектот „Развигорче“ на градинката „Ангел Шајче“. Децата преку различни содржини се едуцираа за процесот на одгледување и конзумирање на здрава храна. На манифестацијата беше промовирано упатство за здрава храна подготвено од Министерството за труд и социјална политика.
-Цел на програмата е запознавање со процесот на одгледување на растенијата, карактеристиките на овошјето и зеленчукот преку воочување и вкусување, запознавање на децата со начин на правилно конзумирање на здрава храна,вели,…

Read More

„Киро Бурназ“ го одбележува патрониот празник

„Киро Бурназ“ го одбележува патрониот празник

Земјоделското училиште „Киро Бурназ“ го одбележува 65-от патронен празник. Новина годинава беше презентазија на штанд на производи и креации изработени од учениците и професорите од различни образовни струки по повод празникот на училиштето.
-Програмата за овој ден е како и секоја година она што малку е поразлично од минатите години е што пред сите наши гости ги претставивме нашите струки. Професорите по македонски јазик со нашата секција по литература имаа подготвено рецитал кое зборува за делото…

Read More

Караванот „Купи куќа, купи стан“ го посети Куманово

Караванот „Купи куќа, купи стан“ го посети Куманово

Проектот „Купи куќа, купи стан“ вчера беше претставен пред кумановци од претставниците на Министерството за финансии. При тоа на присутните им беше објаснето дека за проектот можат да аплицираат државјани на Р. Македонија, брачни двојки чиишто месечни примања изнесуваат до 1300 евра или до 900 евра доколку не се во брак, под услов да немаат подигнато друг станбен кредит. Цените на станбениот објект кој го купуваат или градат не треба да надминува 900 евра за…

Read More

Ученици присуствуваа на книжевна работилница

Ученици присуствуваа на книжевна работилница

Со  презентација на книгата „Спирко Немирко “ од Ксенија Маказлиева Трајчевска пред учениците од основното училиште „Браќа Миладиновци“ започнаа активностите за одбележување на седумдесет годишниот јубилеј на Градската библиотеката „Тане Георгиевски“. Авторката  на работилницата читаше раскази за деца, а идејата е на интерактивен начин да се развива љубовта кон пишаниот збор уште од најмала возраст.
– Денеска во одделот за деца се одржа работилница наречена „Детска радост. Ученици од вторите одделенија и поголеми во интерактивно комуницирање…

Read More

Обука за микро и мали претпријатија

Обука за микро и мали претпријатија

Околу петнаесетина претприемачи од североисточниот регион присуствуваа на денешната обука  за ефективна и повторлива продажба и извоз.  Обуката е во рамките на настаните за размена на искуства кои се организирани од  проектот на УСАИД  за микро и мали претпријатија. Предавачите се  искусни менаџери од бизнис заедницата на земјава.
-Поканети се сите микро и мали претпријатија кои што сакаат да растат без разлика на индустријата и без разлика дали се извозни или домашни, профитот тука не прави…

Read More

Уапсен претседателот на Кумановскиот суд

Уапсен претседателот на Кумановскиот суд

Претседателот на Основиот суд Куманово Муса Сулејмани денеска е уапсен во полициска акција која утринава беше спроведена во Куманово.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донело наредба за спроведување на истражна постапка против 12 лица, кои се приведени во полициската акција во текот на ноќта и утринава се спроведувала во Куманово и Скопје.
Едно од осомничените, најверојатно судијата, ќе се гони за сторени кривични дела Злосторничко здружување и Злоупотреба на службената положба и…

Read More

Голема полициска акција во Куманово

Голема полициска акција во Куманово

Осум лица се приведени во голема полициска акција што од рано утрово ја започнала полицијата во Скопје и Куманово.
Според полицијата, во моментов се вршат претреси во повеке објекти. Запленети се возила, пари дрога и други предмети за кои што постојат сознанија дека потекнуваат од извршени кривични дела.
Приведените се сомничат дека потпомогнати од лица од судската власт подолго време се занимавале со изнуда, лихварство, трговија со дрога, шверц со мигнати и други тешки крвични дела.

Read More

Куманово дел од Турата на толеранција

Куманово дел од Турата на толеранција

Куманово беше дел од  Турата на толеранција во која зедоа учество 30 млади луѓе од 14 различни држави. Перформансот кој вчера се изведе на градскиот плоштад имаше за цел да ја подигне свеста на граѓаните за проблематиките во областа на мирот и правото на слободно изразување на љубов. Турата на Толеранција ќе посетува градови кои се погодени од недамнешни војни или конфликти. Уличниот перформанс е дел од проектот што се имплементира од меѓународната младинска организација,…

Read More

Одржана трибина за семејно насилство

Одржана трибина за семејно насилство

„Не, за семејно насилство “е темата на трибината која Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово  ја организираше  по повод одбележување на Меѓународниот ден за ненасилство. Над 85 посто од случаите, жртва на семејно насилство е жената и покрај тоа што  Законот за спречување, превенција и заштита од семејно насилство е родово базиран, потенцираше предавачот на трибината,  Душко Миновски од Министерството за труд и социјална политика.
-До сега семејното насилство се третираше во три закони, кривичен…

Read More
1 2 3 11