Елезовски: Не грее сонце за Ромите во Македонија

Елезовски: Не грее сонце за Ромите во Македонија

Ситуацијата во државата е толку далеку отидена што власта заборави на сиромаштијата, нечовечки е третманот на малолетници во домовите, не ги согледуваат скандалите при избор на судии и јавни обвинители кои се прават од семејни или пријателски врски и не се цени квалитетот на луѓето кои што треба да дојдат на позициите, вели денеска Ашмет Елезовски, претседател на Националниот ромски центар. Според Елезовски, доделувањето на над 2.500 проекти од културата е скандал, затоа што половина…

Read More

Доделени решенија за легализација на дивоградби

Доделени решенија за легализација на дивоградби

Решенија за легализација на дивоизградени објекти денеска добија триесетина кумановци кои лично им ги врачи министерот за транпосрт и врски Горан Сугарески и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.
Досега над 18.000 барања биле поднесени од физички и правници лица во Куманово за легализација на дивозиградени објекти, а на ниво на државата биле издадени вкупно 200.000 решенија.
– Би сакал да апелирам до сите граѓани на нашата општина кои согласно законот ги испуштија роковите да поднесат потполни…

Read More

Спортските игри за млади и во Македонија

Спортските игри за млади и во Македонија

„Спортските игри за млади“ се најголема манифестација во рамки на аматерскиот спорт во Европа, за деца на возраст од основните училишта. Натпреварите се организираат во десет спортски дисциплини: мал фудбал, одбојка на песок, уличен баскет, одбојка, игри помеѓу два огна, пинг-понг, тенис, атлетика и шах.
И покрај тоа што се работи за аматерско спортување, натпреварите се организирани на професионално ниво, во склад со сите пропозиции и во склад со постојните правила за секоја спортска дисциплина. „Спортските…

Read More

Светиот крст ќе се фрла и во затворениот базен

Светиот крст ќе се фрла и во затворениот базен

По повод претстојниот празник Богојавление – Водици, традиционално се организира пливање по крст во Затворениот градски базен. Настанот ќе се одржи утре со почеток во 11:45 часот.
Манифестацијата е во организација на пливачките клубови „Аква“, „Немо“, „Делфин“ и „Тумба“, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и кумановско-осоговската епархија.
– Втора година по ред се организира оваа манифестација и по светиот крст ќе пливаат околу 100 граѓани на општина Куманово. Целта ни е спојување на…

Read More

Со нов тренер ЖРК Куманово започна со подготовките за вториот дел од сезоната

Со нов тренер ЖРК Куманово започна со подготовките за вториот дел од сезоната

Ракометарките на Куманово од денеска ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната во женската ракометна супер лига кој се очекува да започне кон крајот на следниот месец.
Со позитивен дух и подготвеност за новите предизвици кои ги носи втората полусезона, ракометарките со својот старо-нов тренер Зоран Јосимовски, ќе се обидат да физички и стратегиски да се засилат и да дојдат до посакуваното второ место во лигата.
Тренерот Јосимовски се надева на успешна полусезона и пласман зад…

Read More

КК Куманово го совладаа Блокотехна

КК Куманово го совладаа Блокотехна

Кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен убедливо го победија составот на Блокотехна од Гевгелија во рамките на 10. коло од домашниот шампионат со резултат 92:79.
Израмнета прва четвртина каде се играше кош за кош имаше можност да види публиката во Спортската сала во Куманово, меѓутоа по истекот на првите 10 минути кумановци беа два поени во негатива со резултат 20:22.
Фуриозна втора четвртина со голема борбеност прикажаа избраниците на тренерот Александар Петрови и со серија 20:4…

Read More

ЖРК Куманово убедливо против ЖРК Овче Поле

ЖРК Куманово убедливо против ЖРК Овче Поле

Женскиот ракометен тим од Куманово ја покажа својата доминација на домашен терен во последното коло од првата полусезона против тимот на Овче Поле од Свети Николе.
Домашните ракометарки влегоа со огромна мотивација на овој дуел, а во неколку наврати и буквално си поигруваа со противникот со неколку спектакуларни голови. Силното темпо кое што го наметнаа ракометарките од Куманово уште на стартот на натпреварот се покажа како клучно во победата бидејќи гостинките од Свети Николе не успеаја…

Read More

Швајцарската амбасадорка во посета на општината

Швајцарската амбасадорка во посета на општината

Амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Република Македонија, Сибил Сутер Тејада денеска оствари протоколарна средба со градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.
На средбата се разговарало за проектите кои Швајцарија ги има помогнато на подрачјето на Општина Куманово, но се разгледувале и можностите за понатамошно продлабочување на соработката.
Како што изјави градоначалникот Максим Димитриевски, Швајцарија и нејзините граѓани секогаш биле поддржувачи на Општината Куманово, а во минатото се донатори и на пречистителната станица за отпадни води, во која…

Read More

Изложбата „Моменти 2“ утре во градската галерија

Изложбата „Моменти 2“ утре во градската галерија

Уметничката галерија во Куманово утревечер ќе биде домаќин на циклусот уметнички дела „Моменти 2“ од академскиот уметник Слободан Тимчевски Линка.
Околу триесетина дела на кумановскиот уметник, работени во акрил на платно, ќе бидат изложени за кумановци кои одблизу ќе имаат можност да се запознаат со декоративниот стилски израз на својот сограѓанин.
Слободан Тимчевски Линка е наш познат сограѓанин, ликовен наставник, уметник кој припаѓа на една генерација веќе созреани и спремни автори кој ќе направи обид по втор…

Read More

Панел дискусија „Лице в лице со повратниците“

Панел дискусија „Лице в лице со повратниците“

На тема „Лице в лице со повратниците“ денеска во салата на Занатскиот дом се одржа панел дискусија на која се разговараше за проблемот со реинтеграција на лицата кои од економски или други причини одлучиле својата егзистенција да ја побараат во европските земји, а поради низа причини не успеале да останат таму, па присилно или доброволно се вратиле назад во татковината.
Настанот беше во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, во соработкасо…

Read More
1 2 3 21