ММА турнир за прв пат во Куманово

ММА турнир за прв пат во Куманово

„Вечер на гладијатори“ е насловен Меѓународниот ММА турнир кој во сабота ќе се организира во Куманово по повод 11 Ноември, денот на ослободување на градот.
Граѓаните на Куманово ќе имаат можност да проследат неколку борби помеѓу спортисти од Македонија и Србија. Настанот е под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово и неколку приватни субјекти кои се постојани поддржувачи на клубот.

Во изминатиот период имавме малку мака во поглед на обезбедување на борци, бидејќи се работи…

Read More

Учениците од ООУ „Христијан Карпош“ дел од нов еко проект

Учениците од ООУ „Христијан Карпош“ дел од нов еко проект

Во склоп на проектот интеграција на еколошка едукација во македонскиот образовен систем во општинското основно училиште „Христијан Карпош“ започнува проект за едукација на учениците за предностите на рециклирањето на електричниот отпад.
Проектот е во рамките на програма за еколошка едукација на младите која минатата година во декември на училиштето му донесе сребрено знаме, а во рамките на истиот проект во март годинава е издадено и училишното списание „Фиданка“.

Овој месец добивме контејнер за електричен отпад од „Електролект“…

Read More

Кумановскиот музеј претставен на Оксфорд

Кумановскиот музеј претставен на Оксфорд

Претставници од кумановскиот музеј изминатата недела присуствуваа во Центарот за класични и византиски студии по покана на Факултетот за класични студии на Универзитетот Оксфорд.
По иницијатива на професорот Ине Јакобс од Оксфордскиот универзитет, свое предавање во центарот имаше Деја Ѓорѓиевски, археолог во Музеј Куманово за истражувањето на локалитетот Костоперска карпа.
На предавањето Ѓорѓиевски ги соопштил резултатите од сопствените истражувања кои  се однесуваат на ретки претстави на светители претставени на предмети од слонова коска и на една фреска…

Read More

Традицонален риболовен куп во Пчиња

Традицонален риболовен куп во Пчиња

Риболовното друштво „Пчиња“ од Куманово традиционално и оваа година во атарот на селото Пчиња организираше традиционален риболовен куп, на кој учество зедоа неколку екипи од Македонија и Србија.
За три часа колку што траеше купот, риболовците остварија улов од четири и пол килограми, а победници беа домаќините од кумановското риболовно друштво.

Моментално сме презадоволни од нашиот ревир, односно тоа е пребогато со рибра, што се виде впрочем и денеска со големата килажа на уловена риба за три…

Read More

ЖРК Куманово на реванш во Мадрид

ЖРК Куманово на реванш во Мадрид

Ракометарките на Женскиот ракометен клуб Куманово вечерва заминуваат за Шпанија каде во сабота ќе се одигра реваншот против екипата на Хелветиа Алособендас од Мадрид, во рамките на второто коло од Европскиот Челинџ куп.
Членот на Управниот одбор на ЖРК Куманово, Никица Кипријановски,   упати благодарност до публиката која во голем број дојде да ги бодри куманокви на мечот кој се одигра на домашен терен минатата недела.
Здравствениот билтен е во ред, спремните сме сите за одигрување на тој…

Read More

КК Куманово го совлада КК Башкими

КК Куманово го совлада КК Башкими

Кошаркарскиот клуб Куманово обезбеди уште една победа, откако вчеравечер на гостински терен во рамките на БИБЛ лигата го совлада КК Башкими со резулат 86:83.
Убедливата игра уште од самиот старт за сино-белите носеше надеж за солидна разлика во финишот. Иако во даден момент изабраниците на Србиновски обезбедија водство од 23 поени, сепак во последната четвртина имаа огромен пад во концентрацијата па натпреварот го завршија со три поени разлика.
Во првата четвртина од средбата кумановци имаа двојна предност…

Read More

Учениците запливаа во градскиот базен

Учениците запливаа во градскиот базен

Официјално од денес со работа започна затворениот градски базен во Куманово, откако пред една недела советниците на седница ја изгласаа точката со која пливањето ќе влезе како вонучилишна активност за околу четири илјади ученици од градот.
Шест часа дневно, односно 140 часа не месечно ниво ќе имаат на располагање основците и средношколците во овој спортски комплекс. Учениците кои ќе се пријават за програмата мора да знаат да пливаат со оглед дека станува збор за длабок базен…

Read More

КУД „Панче Пешев“ слави 90 години постоење

КУД „Панче Пешев“ слави 90 години постоење

Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ од Куманово ќе одбележи 90 години од своето постоење со богата програма која ќе започне во четврток, а ќе трае три дена.
Денес на прес конференција беше претставена целокупната програма која ќе се реализира со финансиска поддршка на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, како и Министерството за култура.
Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски истакна дека ова е голем јубилеј достоен за почит и затоа локалната самоуправа во својата програма ги има…

Read More

ООУ „Магдалена Антова“ го одбележа патрониот празник

ООУ „Магдалена Антова“ го одбележа патрониот празник

Основното општинско училиште „Магдалена Антова“ денеска одбележува 27 години од своето постоење и 75 години од загинувањето на својот патрон.
По тој повод вработените, учениците и родителите положија свежо цвеќе пред бистата на Антова, а во спортската сала „Панко Брашнаров“ беше одржана свечена манифестација со приредба која ја подготвиле учениците со своите наставници.

27 години самостојно училиште осмогодишно, а сеге и деветогдишно кое давало резултати, дава резултати и ќе дава резултати верувајте затоа што тоа го покажуваат…

Read More

ЖРК Куманово ги пречекува ракометарките на Хелветиа Алсобендас

ЖРК Куманово ги пречекува ракометарките на Хелветиа Алсобендас

Ракометарките на ЖРК Куманово утре со почеток во 19:30 часот на домашен терен ќе ја пречекаат екипата на Хелветиа Алсобендас од Шпанија во рамките на второто коло од Европскиот Челинџ куп.
По тој повод денес првите луѓе на клубот на прес конференција ги повикаа сите кумановци во што помасовен број да ја пружат поддршката на ракометарките, со цел извојување што подобар резултат.
Претседателот на клубот, Бобан Пеовски вели дека ЖРК Куманово не може да застане рамо до…

Read More
1 19 20 21 22 23