Поставена новогодишната елка на градскиот плоштад

Поставена новогодишната елка на градскиот плоштад

На  градскиот плоштад денеска беше поставена новогодишната елка, но градот нема да се украсува. Станува збор за старата елка од претходните години, а се поставува со цел најмалите да ја почувствуваат новогодишната атмосфера во центарот на Куманово бидејќи вообичеано децата се фотографираат до елката.
Како што соопштија и претходно надлежните од општина Куманово, оваа година, поради енергетската криза предвидените средства од 2,5 милиони денари за новогодишно украсување на градот ќе бидат пренаменети за проект на фотоволтаични…

Read More

ВИДЕО: Напролет ќе се гради нов кружен тек во градот

ВИДЕО: Напролет ќе се гради нов кружен тек во градот

Струмичката градежна компанија „Жикол“ ќе го гради новиот кружен тек во Куманово, во близина на Митев мост, односно на крстосницата помеѓу булеварите „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“ , соопштија денеска надлежните од Секторот за комунални дејности во општина Куманово. Изградбата на вториот кружен тек во градот ќе чини 35,8 милиони денари или повеќе од 580 илјади евра.
-Тендерската постапка за овој кружен тек е завршена пред повеќе од 9 месеци, чекавме долг временски период на сообраќајна…

Read More

ВИДЕО: Заедничка акција на пензионерите и волонтерите

ВИДЕО: Заедничка акција на пензионерите и волонтерите

Членови на Здружението на пензионери „Куманово“ во соработка со волонтерите на општинската организација на Црвен крст денеска поделија средства за дезинфекција и заштитни маски на пензионери, но и на сите случајни минувачи на градскиот плоштад во рамките на борбата против ковид пандемијата. Активноста е дел од севкупните предвидени со програмата за работа на здружението, информира секретарот Гордица Бошковска.
-Оваа ковид пандемија здружението на пензионерите доста ја почувствува посебно во делот на активностите бидејќи дел од активностите…

Read More

Повредени двајца во сообраќајна незгода

Повредени двајца во сообраќајна незгода

Во сообраќајна незгода која се случи вчера на регионалниот пат Куманово-Свети Николе повредени се две лица, од кои едно се здобило со тешки телесни повреди.
Според МВР, вчера околу 13 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во атар на с.Габреш, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд галакси“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 57-годишен жител на Свети Николе и товарно возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, управувано 34-годишен кумановец….

Read More

Работна средба на ЛЕСС-Куманово

Работна средба на ЛЕСС-Куманово

Членовите на Локален економско-социјален совет-Куманово вчера одржаа работна средба во просториите на Општина Куманово. На средбата беа презентирани досегашните предвидени активности и понатамошните чекори на ЛЕСС. За претседавач е избран Најден Бајдевски, заменик е Миле Спасовски, а нов член на овој состав е Ивана Ѓорѓиевска.

Read More

Ќе се реконструира СОУ „Перо Наков“

Ќе се реконструира СОУ „Перо Наков“

Во средното училиште  „Перо Наков” вчера се одржа средба помеѓу претставници од училиштето, Министерството за образование и наука и Секторот за образование при Општина Куманово. Целта на средбата беше потпишување на Договор-Вовед во работа за започнување на реконструкција на ова општинско средно училиште, согласно проектот „Реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта”. Оваа проектна активност вклучува: реконструкција на енергетска фасада, тоалети за ученици со посебни потреби и дел од надворешна и внатрешна столарија.

Read More

Jавна дебата со граѓански организации и фондации

Jавна дебата со граѓански организации и фондации

Општина Куманово потпиша Меморандум за соработка со УНДП за  проектот „Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD2)”, кој во наредните 4 години има за цел да ја зајакне партиципативната демократија и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, преку зајакнување на граѓанското општество и младите. Целта е активно учество во донесувањето одлуки и подобрување на правното и финансиско опкружување за граѓанските организации . Во рамки на програмата општината започна со реализација на активности.
Општина Куманово ги…

Read More

Нормална состојбата со браните Глажња и Липково

Нормална состојбата со браните Глажња и Липково

Нема опасност од прелевање на браните Липково и Глажња по обилните врнежи што го зафатија кумановскиот регион, информираат денеска надлежните.
– Во комуникација со претставник на ЈП „Водостопанство Кумановско – Липковско поле“ сме информирани дека состојбата со хидроакумулацијата во браните Липково и Глажња е нормална, односно има доволен простор за прием на вода од водотеците, стои во соопштението на Регионалниот центар за управување со кризи.
Оттаму потенцираат дека моментално браната Глажња има 8.5 милиони м3 вода, а…

Read More

ВИДЕО: Основците на ревија на народни носии

ВИДЕО: Основците на ревија на народни носии

Ученици од основните училишта „Браќа Миладиновци “ и „Карпош“ од Умин дол денеска имаа можност да ја проследат ревијата на народни носии од различни етнички предели во Македонија, во организација на Центарот за истражување и одржување на традицијата „Етно фолк студио“.  Како што истакна претседателот на ансамблот, Перица Димковски станува збор за автентични носии за свечени прилики кои што биле карактеристични за крајот на 19-от и почетокот на 20-от век. Претставени беа десетина носии, меѓу…

Read More

23-годишна кумановка прободе сопруг заради нивното дете

23-годишна кумановка прободе сопруг заради нивното дете

23-годишна кумановка од селото Табановце го прободела сопругот, откако тој се обидел да го повреди нивното дете, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера во 22:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Табановце, кумановско, Ј.А.(23) од село Табановце, при семејна расправија, со остар предмет нанела убодна рана на нејзиниот сопруг Љ.А.(25) од Куманово, кој, според пријавеното, се обидел да го повреди нивното дете, соопшти полицијата.
Тој бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле…

Read More
1 196 197 198 199 200 408