Државен натпревар на млади истражувачи

Државен натпревар на млади истражувачи

Средното стручно училиште „Перо Наков “ викендов ќе биде
домаќин на Државен натпревар на млади истражувачи од Македонија. Станува збор
за традиционална
манифестација, преку која учениците од средното образование во земјава имаат можност да презентираат научно-истражувачки
и апликативни резултати од областа на природните науки: астрономијата,
биологијата, географијата, информатиката, математиката, физиката, хемијата и
нивната примена во: индустријата, енергетиката, сировинската база,
производството на храна и комуникациите.

-На
13-ти април годинава (сабота) во организација на Народна техника на
Македонија, Сојузот на здруженија на млади истражувачи на Македонија или…

Read More

Отворен ден на Армијата за граѓаните

Отворен ден на Армијата за граѓаните

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, во соработка со локалната самоуправа  денеска организираа отворен ден на Армијата за граѓаните, на платото пред градскиот базен. Манифестацијата е дел од активностите со кои се одбележува неделата на НАТО, 70
– годишнината од основањето на Алијансата и напредокот на Македонија кон
членство во НАТО.

Во своето обраќање пред
присутните, командантот на здружената оперативна команда
генерал-мајор Павле Арсоски, рече дека во годината кога северноатлантската алијанса го прославува овој
важен јубилеј нашата држава после…

Read More

И НРЦ го одбележа 8 Aприл

И НРЦ го одбележа 8 Aприл

Националниот ромски центар
заедно со партнерската младинска организација Симбиозис 12  со повеќе активности го одбележува Светскиот
ден на Ромите.  Размена на искуствата со
младите од Бугарија и Албанија беше само една од активностите што деновиве се организираше
во Тирана, каде што младите зборуваа за нивните визии, но и зошто сакаат да излезат од земјава, информира
претседателот на Нациолниот ромски центар , Ашмет Елезовски.

-Оваа година е еден
повеќегодишен јубилеј, повеќе од 75 години од ромското знаме, од ромската
култура, ромскиот јазик и…

Read More

Одбележан светскиот ден на Ромите

Одбележан светскиот ден на Ромите

„8 Април е ден кога се афирмира потребата од големата поддршка на ромската популација која се соочува со социјални и економски проблеми, но осми април исто така е ден кога во државава се потенцира значењето на културните вредности и специфики на ромската заедница“ , рече во своето обраќање пред присутните во Занаетчискиот дом,  претседателот на ансамблот на народни ромски песни и игри „Рушит Шакир“, Самет Салиевски. Тој посочи дека иако има интегрирани Роми во општествениот…

Read More

НРЦ со препораки за 7-ми април

НРЦ со препораки за 7-ми април

„Универзално здравје за сите, за еднакво
и партиципативно општество за сите само така ќе можеме да ги смениме
наративите. Еднаквост за сите без предрасуди, стероетипи и
без дискриминација. Здравје за сите! “ е пораката на Националниот ромски центар
по повод светскиот ден на здравјето,  7 -ми
Април.

Светската
здравствена организација годинава Светскиот
ден на здравјето го посветува на универзалната
здравствена покриеност , под мотото „ Здравје за сите“. Но, и
покрај глобалните  заложби,
за жал во нашата држава се уште се соочуваме со големи разлики…

Read More

ОИК се подготвува за изборите

ОИК се подготвува за изборите

Граѓаните на Општина Куманово на претстојните претседателски избори на 21
април годинава ќе гласаат на 167 избирачки места, информираат од Општинската изборна
комисија. Според ОИК,  Куманово и Битола
се најголемите  изборни единици во државата, но бројот на
членовите во
избирачките одбори во нашата општина е поголем и изнесува 1670 членови.

-Сега работиме интензивно на формирање на
избирачките одбори, тие се формирани,  во
компјутер се ставени, но имаше  доста изземања, изготвени се
голем број на решенија. Се тече според роковникот од Државната изборна комисија….

Read More

Предавање за културно наследство

Предавање за културно наследство

Предавање на тема „Културното наследство – врска  меѓу народите“  вчеравечер во градската библиотека одржа Дејан
Ристиќ од Србија. Историчарот Ристиќ синоќа потенцираше
дека иако на прв поглед  некој можеби би кажал
дека културното наследство е нешто што може да ги раздвојува луѓето, сепак доколку
подлабоко се навлезе во феноменот културно наследство би увиделе дека тоа е една од најсилните врски помеѓу поединците, но
и помеѓу народите. Културно наследство е се она што ги исполнува високите меѓународни
и национални стандарди,  она што
навистина…

Read More

Над 2500 места во средните училишта

Над 2500 места во средните училишта

Во
петте средни училишта во Куманово според Kонкурсот  објавен од министерството за образование и
наука, во следната учебна година можат да се запишат  вкупно 2.584 ученици.

Во средното техничко училиште  „Наце Буѓони“  можат да се запишат вкупно 714 ученици во 21
паралелка , односно 
340
ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 374 ученици во 11
паралелки со настава на албански јазик,  според наставните планови и програми за: машинска струка, електротехничка и здравствена струка , информира
директорот Драган Јаневски.

-За…

Read More

Проекти на ЈП „Куманово план“

Проекти на ЈП „Куманово план“

Изработка на проекти за санација на дел од Занаетчискиот
дом, комплексот Стар мерак, Соколана, атлетска стаза кај Спортската сала, поранешниот
хотел Солун се само дел од активностите на јавното претпријатие „Куманово план “  кои што ќе бидат реализирани во наредниот
период, информира директорот Горан Митевски.

-Во
2018-та година се дефинира процесот и ни е вратен Занаетчискиот дом во целост
во сопственост на Општина Куманово и со програмата е предвидено изработка на
основен проект за санација на просторот кој што порано го користеше…

Read More

„Куманово план “ со богата Програма за работа

„Куманово план “ со богата Програма за работа

Јавното
претпријатие „Куманово план“  целосно е
подготвено за реализација на Програмата за работа за тековната годин. Основните услови за отпочнување со работа на ова
јавно претпријатие беа да се донесе Програмата за работа од Советот на Општина
Куманово и да се добијат потребните лиценци за работа, односно лиценца за
планирање и изработка на урбанистички планови и лиценца за проектирање,
посочуваат надлежните. Првата поголема активност на „Куманово план“  веројатно ќе отпочне во јуни месец со
изработка на Генералниот урбанистички план со што ќе…

Read More
1 2 3 4 103