ВИДЕО: Повеќе капитални проекти наредната година

ВИДЕО: Повеќе капитални проекти наредната година

Целосна реконструкција на малиот плоштад, довршување на спортската сала, Соколана и соколанскиот парк, стариот градски парк, изградба на нов кружен тек во близина на автобуската станица и реконструкција на дел од улицата „Доне Божинов“, се дел од проектите што општина Куманово планира да ги реализира наредната година. Буџетот за 2024 -та година е за три милиони денари поголем од минатата година и изнесува над 2 милијарди денари.
Видеото по вестите во 18 часот.

Read More

Владата препорачува за време на празниците да работат продавниците

Владата препорачува за време на празниците да работат продавниците

Владата препорачува, за време на новогодишните и божиќните празници, да работат продавниците, штандовите и киосците коишто вршат трговија на мало.
Препораката се однесува за деновите 31 декември 2023 година и 1 јануари 2024 година, како и 7 јануари и 8 јануари 2024 година,
– Целта на оваа препорака, како што беше образложено од предлагачот, Министерството за економија, е да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места…

Read More

Претседателот Пендаровски во посета на Куманово

Претседателот Пендаровски во посета на Куманово

Претседателот Стево Пендаровски по повод новогодишните празници вчера го посети одделението за детски болести на ЈЗУ Општа болница – Куманово.
Одговорните лица на оваа установа го информираа претседателот Пендаровски за начинот на функционирање и притоа потенцираа дека освен жителите на Куманово, сеопфатна, континуирана и безбедна здравствена заштита добиваат и граѓаните на општините Липково и Старо Нагоричане, како и на помалите соседни општини Крива Паланка, Ранковци и Кратово, со примена на најсовремени медицински  достигнувања со цел брзо…

Read More

ВИДЕО: Зголемен број на заболени деца од респираторни вируси

ВИДЕО: Зголемен број на заболени деца од респираторни вируси

На детското одделение во кумановската болница претпразнично хоспитализирани се 15 дечиња, а дел со полесна клиничка слика се пуштени на домашно лекување, информираат надлежните од установата. За 24 часа лекарите од детско одделение прегледуваат и до 80 деца. Болницата извршила испитувања и утврдила дека во 90 проценти од случаите станува збор за респираторен вирус, главен за појава на бронхиолити.
Видеото по вестите во 18 часот.

Read More

ВИДЕО: Двеста пакетчиња за децата во руралните средини

ВИДЕО: Двеста пакетчиња за децата во руралните средини

Здружението за поддршка, интерграција и ресоцијализација ЛИНК во соработка со иницијативата „Да бидеме хумани“  трета година по ред  ја спроведуваат активноста  „Подари пакетче-подари радост“.  Подароците се наменети за деца во социјален ризик од руралните средини во кумановско, скопско и тетовско. Годинава ќе се дистрибуираат околу двеста пакетчиња и играчки, информира Емилија Веселиновска од здружението ЛИНК.
 

Read More

ВИДЕО: Дечињата од „Буба Мара“ со подароци за детскиот оддел

ВИДЕО: Дечињата од „Буба Мара“ со подароци за детскиот оддел

Дечињата од градинката „Ангел Шајче“, вработените и родителите донираа пакетчиња со играчки за нивните другарчиња кои што празниците ќе ги поминат на детското одделение во кумановската општа болница. Претставници од градинката денеска ги однесоа подароците и остварија традиционална средба со надлежните од болницата. Директорката на болницата, Биљана Ивановска се заблагодари на надлежните кои ја реализираа новогодишната акција, која е плод на повеќегодишната соработка на двете установи.
 

Read More

ВИДЕО: Завршен час од проектот „Млади атлети“ во „Кочо Рацин“

ВИДЕО: Завршен час од проектот „Млади атлети“ во „Кочо Рацин“

Во основното училиште „Кочо Рацин“ се одржа завршниот час од спортските активности наменети за деца со пречки во развојот, во рамки на програмата „Млади атлети“. Пилот проектот стартуваше во ова училиште, а надлежните од општината и Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ најавуваат продолжување на проектот и во другите училишта. Активностите се изведуваат со помош на обучени наставници по физичко образование.
 

Read More

Општината со јавна покана за поднесување даночна пријава за 2024 година

Општината со јавна покана за поднесување даночна пријава за 2024 година

Општина Куманово објави Ј А В Н А  П О К А Н А за поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2024 година и поднесување на пријава за утврдување на комунална такса за фирма на деловна просторија, односно фирмарина за 2024 година.  Даночната пријава за утврдување на данок на имот за 2024 година (образец ДИ) поднесува даночен обврзник (правно и физичко лице) и тоа за:
1.Имотот што го стекнал или почнал…

Read More

ВИДЕО: Буџетот за 2024-та над две милијарди денари

ВИДЕО: Буџетот за 2024-та над две милијарди денари

Со одлука на Советот на општина Куманово, буџетот за идната година изнесува над две милијарди денари.  Изградба на нов кружен тек, како и целосна реконструкција на малиот плоштад се само дел од капиталните проекти планирани за следната година.
 

Read More

ВИДЕО: Бесплатен јавен превоз и во наредните шест месеци

ВИДЕО: Бесплатен јавен превоз и во наредните шест месеци

Бесплатниот јавен превоз во Куманово ќе продолжи до крајот на јуни 2024 година. Од општинскиот буџет за таа намена ќе бидат исплатени 30 милиони денари. Во истиот период ќе се субвенционира и меѓуопштински линиски превоз со општина Старо Нагоричане, а вредноста на таа мерка изнесува 3 милиони денари.
 

Read More
1 2 3 4 5 6 408