Само тројца евакуирани побарале сместување

Само тројца евакуирани побарале сместување

51 семејство од населбата „Тоде Мендол“ изминативе два дена се јавило во општинскиот контакт центар да побараат помош, претежно во храна, но и да ја известат општината каде се сместени и  од која улица се евакуирани.
-Имавме побарувања и од лица наши сограѓани кои беа отселени во другите градови за кои требаше да се обезбеди превоз и на истите лица им обезбедивме превоз и од Струмица и од Кочани.  Општината презема активности во насока на набавка…

Read More

Зачука камбана кај светата вода – Свети Марко

Зачука камбана кај светата вода – Свети Марко

Голем број верници денеска го посетија бунарот со света вода чиј патрон е празникот Свети Марко. На 15-годишнината од постоењето на светата вода, за првпат зачука и камбаната, подарок од семејството Мисевски. Според свештените лица, ѕвонот во црквата служи да ги повика верниците да го чујат Светото евангелие, да го чествуваат празникот и да им дарува здравје и мир. Местото каде што е ископан бунарот и дошло на сон на кумановката Тројка Јанчевска, која како…

Read More

Групни венчавки во Бедиње

Групни венчавки во Бедиње

Брачните парови кои немаат склучено црковен брак тоа можат да го сторат бесплатно  на 10 мај во црквата Света Петка во Бедиње. Втора година по ред Кумановско-oсоговската eпархија организира групни венчавки. Иако досега нема пријавени за оваа манифестација, сепак надлежните се надеваат дека ќе се одржат групните венчавки, кои во недела треба да започнат во  10 часот и 30 минути.
-Може да се обратат во било која црква во нашата епархија, ги покануваме и оние што…

Read More

Средношколците го блокираа излезот на Куманово

Средношколците го блокираа излезот на Куманово

Со двочасовен протест на излезот од градот средношколците денеска повторно побараа од министерството за образование и наука целосно исполнување на нивните барања. Тие не се задоволни од предлогот на надлежните само годинава да се полага државна матура по ланскиот  концепт, а в година да се формираат работни групи  од средношколците и министерството кои заеднички ќе го изготват новиот концепт на полагање матура. Второто барање е укинување на екстерното тестирање за кое матурантите сметаат дека е…

Read More

Откажан протестот кај пругата во Режановце

Откажан протестот кај пругата во Режановце

Се откажа  најавениот протест во селото Режановце откако мештаните добиле ветување од надлежните  дека ќе биде вградена канализационата цевка во пругата. Ова беше нивното единствено барање, во спротивно најавуваа дека со протести ќе ги сопрат градежните работи, односно реконструкцијата на делницата Куманово –Бељаковце која е дел од проектот Железнички Коридор 8. Претставници од Министерството за транспорт и врски и Македонски Железници-Инфраструктура вчера попладне одржале состанок со првите луѓе на месната заедница.  Притоа им објасниле дека…

Read More

Итната помош со полни раце работа

Итната помош со полни раце работа

Топлото време го зголеми бројот на лекарски интервенции. Околу четириесетина повици за едно деноноќие обично регистрира  Итната помош во Куманово, но во текот на вчерашниот и денешниот ден, покачен е обемот на работата на лекарите. Во најголем број случаи станува збор за интервенирање кај пациенти со хронични заболувања, но има и ситуации во кои кај помладата популација доаѓа до ненадејно нагло паѓање на притисокот поради подолго задржување на отворен простор на топлото време. Лекарите  им…

Read More

Комунистите оддадоа почит на Тито

Комунистите оддадоа почит на Тито

Денеска се навршуват 35 години од смртта на доживотниот претседател на СФРЈ и лидер на југословенските комунисти Јосип Броз Тито. Членови на Комунистичката партија на Македонија, Титовите леви сили и почитувачите на ликот и делото на Тито во негова чест положија цвеќе на спомен -плочата на градскиот плоштад, со желба не само да се повтори, туку и да се надмине неговото дело.
„Во Титовото време кога живеевме имавме детство, имавме младост, имавме образование, имавме здравство, значи…

Read More

Koj е сопственик на Домот на АРМ?!

Koj е сопственик на Домот на АРМ?!

Кој е надлежен за Домот на АРМ во Куманово, дали со дел од просториите се уште стопанисуваат министерството за земјоделство и Државниот архив или е во прашање некоја друга институција, се обиде да дознае деновиве телевизија Плус. Поаѓајќи од одговорот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, просторот кој пред неколку години го добиле на корисничко право со заклучок на Владата е вратен на Министерството за одбрана.
 „Ние како министерство бараме простор за подрачната единица Куманово…

Read More

Откажан Првомајски пикник на Студена вода

Откажан Првомајски пикник на Студена вода

Најавуваниот Првомајски пикник на Студена вода е откажан. Здружението на резервни армиски и полициски ветерани иако организационо е подготвено за одбележување на Меѓународниот ден на трудот сепак манифестацијата нема да се одржи поради финансиски причини.
-Пикникот е откажан од едноставни причини. Ние како здружени не можеме да си ги дозволиме тие средства, тука треба автобуси, бина, озвучување. Сите ние сме виновни за оваа ситуација, не поединци, не локалната самоуправа, ако состојбата е таква нека биде таква…

Read More

Крводарителска акција во чест на Александар Ковачевски

Крводарителска акција во чест на Александар Ковачевски

Почитувачите на ликот и делото на Александар Ковачевски, негови колеги од министерството за одбрана, припадници на АРМ и членови на Здружението на армиските и полициските ветерани денеска беа дел од крводарителската акција , организирана во Клубот на ветераните „Христијан Тодоровски Карпош“.
-Ова е трета по ред крводарителска акција во чест на мојот покоен сопруг кој беше крводарител, член на ова Здружение на ветерани и беше доста хуман човек, сакаше да помага, даруваше крв. Првата акција беше…

Read More
1 68 69 70 71 72 73