Утре ќе се одржи седница на Советот на општина Куманово

Утре ќе се одржи седница на Советот на општина Куманово

Советот на општина Куманово утре ќе одржи редовна седница на која на дневен ред ќе се најдат 16 точки. Советниците ќе расправаат и одлучуваат по предлог програмата за одржување на јавна чистота и одржување јавни сообраќајници, програми и извештаи од областа на спортот и културата. На седницата ќе се дискутира и за предлог – одлуката за субвенционирање на линиски превоз на патници за линии утврдени со Спогодба за утврдување на заедничко организирање на извршување на…

Read More

ВИДЕО: Училиштето „Толи Зордумис“ – домаќин на Еразмус проект

ВИДЕО: Училиштето „Толи Зордумис“ – домаќин на Еразмус проект

Основното училиште „Толи Зордумис“ е домаќин на претставници на училишта и невладина организација од Турција, Романија и Австрија во рамките на Еразмус проектот „ Да обезбедиме интеграција на ученици со различни посебни потреби во мешани училници“. Целта е децата преку заеднички активности да ги покажат своите способности.
-Горди домаќини сме денес на гости од Турција, од една невладина организација, од едно училиште, гости од Романија  и исто така во проектот е вклучена и Австрија. Ние сме…

Read More

Пронајдена неексплодирана граната на приватен имот во Речица

Пронајдена неексплодирана граната на приватен имот во Речица

СВР Куманово информира дека вчера изутрина, лицето Б.С. пријавило дека на неговиот имот во село Речица, кумановско, пронашол неексплодирана граната од Втората светска војна со калибар 75мм.
Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатaтa билa безбедно подигнатa од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Read More

МВР: 531 санкција за брзо возење

МВР: 531 санкција за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 531 возач. Од нив 29 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 272 возила ја пречекорилe брзината во населено…

Read More

Се одигра трето коло од општинската лига во футсал за шесто и седмо одделение

Се одигра трето коло од општинската лига во футсал за шесто и седмо одделение

Викендов на игралиштето во ООУ „Вук Караџиќ“ се одигра трето коло од општинската лига во футсал за шесто и седмо одделение.
Екипата на „Јероним Де Рада“ беше подобра од „Кочо Рацин“, тимот на „Магдалена Антова“ го победи „Толи Зордумис“, „Бајрам Шабани“ извојува победа над „Крсте Мисирков“ и екипата на „Браќа Миладиновци“ го победи „Наим Фрашери“.

Read More

Викендов изречени 140 казни за брзо возење на подрачјето на Куманово

Викендов изречени 140 казни за брзо возење на подрачјето на Куманово

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 174 возачи, од  кои 140 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 17 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 8 за управување возило без возачка дозвола, 6 за нерегистрирано возило и 3 возачи на мотоцикли. Сообраќајните контроли продолжуваат и во…

Read More

ВИДЕО: Одржан вториот Меморијален турнир во чест на ракометарката Јасмина Голубовиќ

ВИДЕО:  Одржан вториот Меморијален турнир во чест на ракометарката Јасмина Голубовиќ

Во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“ викендов беше одржан вториот меморијален турнир во чест на Јасмина Голубовиќ – име кое остави длабоки траги во кумановскиот женски ракомет.
Турнирот беше организиран од Здружението на ракометни ветеранки Куманово, а се одигра под мотото „ Годините не се пречка, победи ако можеш, изгуби ако мораш, но никогаш не се откажувај!”
На турнирот покрај домашната екипа, учествувааа и ветеранките на Гевгелија, Богданци и Струга.
Овој втор меморијален турнир во спортската…

Read More

ВИДЕО: Меморијален турнир во ракомет во чест на Јасмина Голубовиќ

ВИДЕО: Меморијален турнир во ракомет во чест на Јасмина Голубовиќ

Активните ветеранки од Куманово в недела ќе организираат Меморијален турнир во чест на кумановската ракометна легенда Јасмина Голубовиќ- Јасе. Турнирот ќе се одигра во училишната спортска сала на „Перо Наков“, со почеток во 11 часот. Главен покровител на вториот меморијален турнир за Јасмина Голубовиќ е градоначалникот  на општина Куманово Максим Димитриевски.

Read More

ВИДЕО: Психологот Сања Јовановска гостува во СТАВ

ВИДЕО: Психологот Сања Јовановска гостува во СТАВ

-Како семејството и партнерите се адаптираат по разводот, колку е важно родителите по разводот да останат во пријателски родителски однос заради децата, зошто е важна психотерапевтската помош при разводот. Ова се дел од темите на кои вечерва во СТАВ разговараме со Сања Јовановска, лиценциран психолог од Куманово.
Емисијата започнува во 20 часот.

Read More

ВИДЕО: Жителите на Старо Нагоричане задоволни од условите за живот во селото

ВИДЕО: Жителите на Старо Нагоричане задоволни од условите за живот во селото

Новоизградени или реновирани старите куќи, нови викендички, цели семејства -повратници од градската во рурална средина, уредена инфраструктура, развиено земјоделство е она по што се разликува селото Старо Нагоричане од останатите во Козјачкиот регион. Но, заедничко за четириесетте населени места во општина Старо Нагоричане е тоа што нема здравствена ординација, па жителите се принудени да патуваат околу 14 километри до градот за преглед кај лекар. Но, и тоа не проблем кога останатите услови за живот се…

Read More
1 74 75 76 77 78 408