Отсекот за превенција прослави 7 годишно постоење

Отсекот за превенција прослави 7 годишно постоење

Отсекот за превенција изминативе години стана препознатлив по повеќе проекти кои имаат за цел намалување на криминалитетот, зачувување на јавниот ред и мир и зголемување на безбедноста во сообраќајот за сите возрасти и категории на граѓани во нашата заедница, беше речено денеска на одбележувањето на Денот на превентивната работа на полицијата, во просториите на СВР Куманово.
-Би навел само неколку од нив, Безбедни училишта, проект кој стана пример и пошироко во регионот, Сите заедно за безбедно…

Read More

Блокирана депонијата Краста

Блокирана депонијата Краста

Депонијата Краста од утрово е под блокада од жителите на селото Пчиња. На камионите кои го депонираат сметот  не им се дозволува влез на депонијата. Според жителите, блокадата на патот е поради тоа што меморандумот кој пред 7 години  бил потпишан меѓу градоначалникот на Куманово и месната заедница во целост не е  испочитуван. Водата во селските бунари е загадена , нема водоводна и канализациона мрежа и покрај тоа што пред  4 години доставивме проект до…

Read More

Документарниот филм „Инклузија“ промовиран во училишта

Документарниот филм „Инклузија“  промовиран во училишта

Документарниот филм насловен Инклузија изработен од Дневниот центар „Порака наша“ денеска повод Светскиот ден на лицата со хендикеп беше промовиран во основното училиште „Толи Зордумис“. Училиштето не е случајно избрaно туку поради фактот што е прво инклузивно училиште во општина Куманово кое што има вработено дефектолог и екипиран стручен тим кој несебично работи на проблематиката на децата со посебни потреби кои што учат во редовни паралелки.
-Низ историјата  овие лица биле третирани како граѓани од втор…

Read More

Едно новозаболено лице од ХИВ/СИДА

Едно новозаболено лице од ХИВ/СИДА

15 луѓе инфицирани со ХИВ/СИДА  се евидентирани на подрачјето на Куманово, од кои едно е новорегистрирано годинава.  Во Македонија вкупно 258 лица живеат со ХИВ /СИДА , од нив 179 се болни од СИДА,  а останатите се ХИВ позитивни. Институтот за јавно здравје на РМ денеска на Светскиот ден за борба против оваа болест, соопшти дека годинава се регистрирани 19 нови случаи на ХИВ /СИДА. Според надлежните,  скриената бројка насекаде низ Македонија е далеку поголема…

Read More

Болницата набави нови апарати

Болницата набави нови апарати

Општата болница набави нови апарати  заради подобрување на здравствените услуги на пациентите. Холтер за мерење крвен притисок, спирометар и стрес тест се само дел од апаратите кои денеска беа промовирани во присуство на државниот секретар на министерството за здравство, директорот на трансфузија, на фондот за здравствено осигурување, министерот за локална самоуправа  и други надлежни во областа на здравството.
-Набавена е следната апаратура, коронарен  стрес тест, холтер за мерење на крвен притисок и за следење на срцевиот…

Read More

„ Методи и пристап на дислексија“ – трибина на ВМРО ДПМНЕ

„ Методи и пристап на дислексија“ – трибина на ВМРО ДПМНЕ

Во организација на Комисијата за образование при ВМРО-ДПМНЕ OK – Куманово синоќа, во малата сала на центарот за култура  се одржа трибина на тема  “Методи и пристап на дислексија”. Според статистиката, 5 до 10 проценти од популацијата во РМ имаат дислексија. За оваа состојба кај децата, но и кај возрасните зборуваше дефектологот Наташа Крстевска.

Read More

Трибина на Форумот на жените на СДСМ во Куманово

Трибина на Форумот на жените на СДСМ во Куманово

„Женскиот активизам и борбата против родовото базирано насилство“ беше насловена трибината  што синоќа ја организираше Форумот на жени на СДСМ. Со оваа активност започна кампањата под мотото  „Сина Панделка – 16 дена женски активизам“. Во преполната сала во Младинскиот културен центар пред присутните се обратија Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ, Марина Алексовска, регионален координатор на Форумот, Атина Мургашанска, општински координатор, модераторот Маринела Тушева, како и Мила Царовска од комисијата за труд и…

Read More

Психичкото насилство – најприсутно во Куманово

Психичкото насилство – најприсутно во Куманово

Психолошкото насилство е се поприсутно, а се зголемува и економското , за разлика од физичкото насилство велат од хуманитарното здружение „Мајка “ по повод  Меѓународниот ден за борба против  насилството  врз жените.  Според  претседателката Лидија Илијевска , иако психичкото насилство е позастапено, жртвите најчесто не го препознаваат, а  и многу тешко се докажува во судска постапка.  Освен жените, жртви на семејно насилство може да бидат и мажите и децата. Од вкупно 16 евидентирани случаи  во…

Read More

Транзитниот центар на Табановце е празен

Транзитниот центар на Табановце е празен

Бегалците во транзитниот центар на Табановце ја добиваат сета неопходна помош од  домашните и меѓународните хуманитарни организации и Црвениот крст. Освен храна, облека, ќебиња, медицински третман,  бегалците ќе добијат и затоплување во монтажните објекти и во новопоставениот шатор, а ќе има уште два деновиве. Секој од нив е наменет за околу 200 луѓе.  По пристигнувањето на само еден воз утрово , на Табановце е мирно. Од вкупно 300 економски мигранти кои неколку дена се задржаа…

Read More

Хируршката амбуланта се префрли во Ургентен центар

Хируршката амбуланта се префрли во Ургентен центар

Хируршката амбуланта од денеска работи во новите простории во состав на Ургентниот центар. Се стави крај на проблемите со кои се соочуваше медицинскиот персонал кој со години работеше во лоши услови во подрумските простории на општата болница, но и пациентите кои бараа здравствена заштита во катастрофални услови.  Надлежните тврдат дека ова ќе биде минато  најавувајќи  подобри здравстени услуги, велат надлежните.
– Нашите пациенти ќе имаат голем бенефит во смисла на простории, потоа овде ќе 24 часовно…

Read More
1 76 77 78 79 80 94