Пет брачни двојки се венчаа во Бедиње

Пет брачни двојки се венчаа во Бедиње

Со групна венчавка во црквата „Света Петка“ во населбата Бедиње пет брачни парови од Куманово викендов го кажаа судбоносното ДА пред Бога. Иако долги години од животот поминале заедно, сепак им недостасувала венчавка во црква.
Според отец Антонио Стојковски, причината за венчавањето после толку години повеќето од нив ја гледаат во условите кои биле поинакви кога тие запловиле во брачните води.
-Интересно е тука што човек кој за време на комунизмот бил воено лице, во тоа време…

Read More

Распишан е конкурсот за престој во Ученичкиот дом

Распишан е конкурсот за престој во Ученичкиот дом

Конкурсот за сместување во ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ во Куманово е распишан денеска.  За место може да се пријават нови ученици, но и оние кои досега ги користеле услугите на домот, кој располага со капацитет за сместување на 120 ученици, од прва до четврта година.  За да биде примен ученикот потребно е да се исполнат повеќе услови. Треба да станува збор за редовни ученици запишани во средно училиште по наставен план и програма што ја…

Read More

Ќе се избираат ученици на генерацијата

Ќе се избираат ученици на генерацијата

Ученици на генерацијата од основните и средните училишта од Куманово и Старо Нагоричане ќе бидат прогласени наредната недела, во четврток. Настанот во организација на Регионалното здружение на просветни работници ќе се одржи во просториите на општина Куманово, а дипломите на најдобрите ќе им бидат врачени од градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски. Искуствата говорат дека понекогаш се случува да бидат прогласени повеќе ученици на генерацијата.
-Пред се, тоа е една внатрешна или интерна работа на секое училиште…

Read More

Технички саем во „Наце Буѓони“

Технички саем во „Наце Буѓони“

Околу 170 полуматуранти од основните училишта во градот денеска учествуваа на техничкиот саем во средното училиште „Наце Буѓони“. Овој настан популарно наречен „Техносаенс“ се организира четврта година по ред во чест на Кирил и Методиј, со цел промовирање на училиштето пред полуматурантите. Учесниците се натпреваруваа во повеќе категории во природните науки, информатиката и спортот.
-Се надеваме на крајот на јуни дека некој ученик од денешниот ден ќе посака да стане иден наш ученик, знаејќи дека иднината…

Read More

Формирано работно тело за регионални проекти

Формирано работно тело за регионални проекти

Околу 15  предлог -идеи за проекти досега пристигнале во канцеларијата за рурален развој во рамките на Центарот за развој на Североисточниот регион. Прибирањето на идеите ќе продолжи во наредните денови, а кога ќе се достигне бројката од околу 50  ќе се изберат најдобрите. За нив преку УНДП и Министерството за локална самоуправа ќе се бараат донатори за нивна реализација, која се очекува да започне кон крајот на наредниот месец. Селекцијата ќе ја врши  заедничко работно…

Read More

Општината ќе вработи 15 лица

Општината ќе вработи 15 лица

15 лица ќе вработи општина Куманово преку проектот „ Образование на Роми и на возрасни лица со интелектуална попреченост. Ова е дел од Програмата Општинско –корисна работа за да се овозможи вклучување на невработените лица преку нивно ангажирање со скратено работно време односно 20 работни часа неделно заради стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазарот на труд. Јавниот оглас заради пријавување за работно ангажирање во проектот е распишан денеска, а се однесува на…

Read More

Намалени гужвите за пасоши

Намалени гужвите за пасоши

Повеќе од триста барања за издавање патна исправа дневно биле поднесувани минатата недела во Секторот за внатрешни работи во Куманово. Ова најверојатно е последица на настанатата ситуација во населбата Тоде Мендол, па во периодот од 11 до 15 –ти мај бројот на подносителите на барањата беше зголемен дури за четири пати од вообичаената бројка. За да се избегне метеж по ходниците во  полицијата и да не се одолговлекува постапката, во посочениот период, за сликање за…

Read More

Заврши евиденцијата на оштетените куќи

Заврши евиденцијата на оштетените куќи

Заврши евиденцијата на оштетените куќи и помошни објекти во населбата „Тоде Мендол“. Според надлежните, тоа значи врз основа на фактичката состојба да се утврдат штетите односно членовите на комисијата да евидентираат што и колку има оштетено во 48 часовната полициска акција за разбивање на терористичката група.
-Самата евиденција се состоеше од евиденција на градежни објекти и движните предмети. За движните ствари само имаме сознание дека она што имало во куќите најверојатно ќе се дава некоја нивна…

Read More

Кумановци аплицираат за субвенции

Кумановци аплицираат за субвенции

Околу 40 проценти од вкупниот број евидентирани земјоделци во кумановскиот регион поднеле барање за субвенции во подрачното министерство за земјоделство. Дел од кумановци со поплаки дека и годинава нема подобрувања во однос на ажурноста на службите и најмалку по два пати доаѓаат да поднесат барање. Велат, формуларите наместо бесплатно да ги добиваат од надлежното министерство- ги купуваат, а некои земјоделски производители самоиницијативно плаќаат и за потполнување на барањата, од 50 до 100 денари за образец.
-Пред…

Read More

Улицата „11 октомври“ под полициска блокада

Улицата „11 октомври“ под полициска блокада

Од ноќеска улицата „11 Октомври“ е блокирана за сообраќај. Полициската станица, општината, основниот суд,  фондот за пензиско и здравствено осигурување, поштата, џамијата, уметничката галерија се под силно полициско обезбедување. Но, и покрај зголеменото присуство на безбедносните сили во центарот на Куманово, вработените во сите државни и општински институции  кои се наоѓаат на посочената улица се на своите работни места и нормално функционираат. За разлика од „11 Октомври“, улицата „Тодор Велков“ која поминува кај Агенцијата за…

Read More
1 77 78 79 80 81 84