Пронајдени гранати од Втората светска војна

Пронајдени гранати од Втората светска војна

Педесетина гранати кои потекнуваат од Втората светска војна пронајде утрово Дирекцијата за заштита и спасување покрај железничката пруга во близина на Хуљуси Комерц. Пиротехничари од Дирекцијата по пријава од вработени во Македонски железници  деновиве се на терен во потрага по старото оружје и муниција.
-Има пронајдено артилериски гранати од 75 мм- 27 парчиња, гранати од 40 мм -20 парчиња, минофрлачки мини има од 60 мм -3 парчиња, куршуми артилериски противавионски 8 мм пет парчиња. Овие се…

Read More

Промовирана стихозбирка на Сеида Бегановиќ

Промовирана стихозбирка на Сеида Бегановиќ

„За жените кои немаат куќа и три обични дена“ е стихозбирка од авторот Сеида Бегановиќ која беше промовирана синоќа во градската библиотека „ Тане Георгиевски“ . Книгата содржи 44 песни пишувани пред неколку години. Бегановиќ вели дека збирката поезија е интересна за критичарите бидејќи во неа е доловена приказната за бездомност на целата цивилизација. во книгата, авторката која е родена во Босна, а живее во Скопје, користела искуства од двете заедници со цел да дојде…

Read More

Уапсени четворица кумановци-помагачи на терористите во Диво насеље

Уапсени  четворица кумановци-помагачи на терористите во Диво насеље

Утрово полицијата спроведе акција под кодно име „Молња“ како продолжение на акцијата во Диво Насеље за разбивање на криминално- терористичката група. Според МВР,  седумтемина  кои што денеска се уапсени биле логистика односно помагачи на криминално –терористичката  група. Од уапсените,  тројца се од липковското село  Отља, еден од Матејче, двајца од скопско Брест  и еден од  Арачиново. Приведените според  првичните документирани сознанија биле во контакт со членови на групата и помагале, почнувајќи од кривично -правниот настан,…

Read More

СДММ испрати порака до власта

СДММ испрати порака до власта

Со симболично поставување на банер на надвозникот на влезот на градот, членовите на Социјалдемократската младина на Македонија од Куманово испратија порака до централната власт поврзана за случувањата на 9-ти мај во населбата Тоде Мендол.
-Му испраќаме порака на премиериот во заминување , Никола Груевски секогаш кога ќе поминува покрај Куманово да се сети каква штета е нанесена на граѓаните. Вистината ќе излезе на виделина. По промената на власта, во април 2016 година граѓаните ќе ги добијат…

Read More

Беџет Елези е нов вд претседател на Основниот суд Куманово

Беџет Елези е нов вд претседател на Основниот суд Куманово

Судијата Беџет Елези е новиот вршител на должност –претседател на Основниот суд Куманово, со одлука на Судскиот совет на РМ. На денешната одржана итна седница, Судскиот совет донел Одлука за времено оддалечување од вршење на судската функција на судија-претседател на основен суд.  Согласно Законот за Судски совет на РМ одржаната седница не е јавна. Елези е поставен за вд претседател на институцијата откако вчера во акцијата „Удар“ досегашниот претседател на основниот суд беше уапсен од…

Read More

Околу 3.700 социјални случаи во Куманово

Околу  3.700  социјални случаи  во Куманово

3.677 граѓани го остваруваат правото на социјална парична помош во Куманово. Воедно, според надлежните, ова е најбројното право кое што произлегува од  Законот за социјална заштита, кое изразено во бројка изнесува околу  2.400 денари, а е предвидено за лица кои се наоѓаат во социјален ризик и се материјално необезбедени. Бројката на корисниците на социјална парична помош последниве години речиси е иста. За разлика од ова право, постојана парична помош во износ од 3.500 денари примаат…

Read More

Промовирана стихозбирката „ Детски лирски треперења“

Промовирана стихозбирката „ Детски лирски треперења“

Во основното училиште„ 11 Октомври “ денеска беше промовирана стихозбирката  „Детски лирски треперења“  во издание на Сојузот за грижи и воспитување на децата. Книгата која традиционално се промовира во текот на детската недела, годинава се поклопи и со патрониот празник на училиштето „ 11 Октомври“  кое токму поради таа причина беше избрано од Здружението за грижи и воспитување на децата да биде домаќин на настанот.
– На оваа средба поканети беа сите училишта, ученици со нивните…

Read More

Пробно полнење на олимпискиот базен во ноември

Пробно полнење на олимпискиот базен во ноември

Затворениот олимписки базен до  крајот на ноември ќе биде ставен во пробна функција. Целосната имплементација на проектот Градски базен со комерцијални содржини е во завршна фаза, како и изработката на партерното уредување  околу базенот. Градоначалникот Зоран Дамајновски најавува  и изградба на мал аква парк со градина и други придружни објекти, а целокупниот простор ќе биде пуштен во употреба во мај идната година.
-Се местат машинските делови, клима коморите, затоплувањето, донесени се и палионици за гас, наместени…

Read More

Месноста „Гладно поле“ без канализација и асфалт

Месноста  „Гладно поле“  без канализација и асфалт

Во  населбата  Перо Чичо, во месноста „Гладно поле “ се уште нема  канализација, асфалт и улично осветлување иако граѓаните за ова платиле на општината уште кога почнале да ги градат нивните домови. „Наместо во урбанизирана средина, ние се уште живееме на поле“ – обвини вчера на пресконференција Мартин Јанчиќ од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.
-Со години веќе одиме кај градоначалникот и бараме асфалтирање на улиците и приклучок кон канализациона мрежа , но по се изгледа…

Read More

ЦИВИЛ одржа семинар за слободни избори

ЦИВИЛ одржа семинар за слободни избори

Центарот за слобода започна нова серија семинари на тема „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“ кои се во рамките на истоимениот проект на ЦИВИЛ. Викендов во Куманово се одржа првиот  еднодневен семинар за обука и за стекнување  нови алатки за мониторирање на состојбите во РМ, преку кој Центарот ќе се обиде да и пружи на Македонија повеќе услови и да придонесе кон слободните избори закажани за април следната година.
-Тоа што е најважно за Македонија…

Read More
1 82 83 84 85 86 98